Фото: Markus Spiske on Unsplash

Советот на амбасадори со внимание ги следи првичните реакции, согледувања, размислувања и коментари за генезата на НОН ПЕЈПР-от во кој се заговара промена на границите на Балканот, информираат од таму.

„Тој, по сѐ изгледа сепак потекнува од пријателска Словенија и нејзиниот премиер. Факт е дека се ставени на хартија клучни тези во вид на крајно опасна идеја, за којашто, како во позната филмска рашомонијада следеа разни спротивставени изјави. Советот со големо изненадување и загриженост посочува кон фактот дека дел од балканските земји, сега полноправни членки на НАТО и кандидати за членство во ЕУ се наоѓаат на хартија, што проектира состојби кои не смеат и не можат да бидат решавани и решени во изолирани европски кругови и/или нечии кабинети. Оттаму, Советот високо ја цени брзата реакција на Стејт департментот, што потсетува на клучните договори, кои се веќе постигнати заради мир и соработка во Балканскиот регион и коишто треба да се спроведуваат во реалноста,“ се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека „Советот стои цврсто на ставот дека етноцентризмот, националзмот и прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици кон целиот регион на ЈИЕ.“

Советот на амбасадори предупредува дека НОН ПЕЈПР-от претставува опасна игра, којашто може да прерасне во „катастрофална лавина, што настанала од мала топка снег“.