fbpx

Настап на Словенечкиот камерен музички театар на 28 мај во НОБ

Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек, информираат во НОБ

-

Во рамки на престижниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“ на 28 мај со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет (НОБ) ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ.

Како што информираат од НОБ, „Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада.

„Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот“, велат во НОБ.

Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек. Настапуваат: Штефица Грасели, сопран, Тереза Плут, сопран, Катја Конвалинка, сопран, Ирена Јебуах Тиран, мецосопран, Барбара Јернејчиќ, мецосопран и Ања Земљариќ, мецосопран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денес и утре ќе има прашина од Сахара во воздухот на Балканот

Денес и утре може да се очекува повисоко количество на песок од пустината Сахара низ Балканот, вклучително и во Северна Македонија, известува европската Служба за следење на атмосферата -...