В среда балетска претстава „Дамата со камелии“ во НОБ

Во главните улоги ќе настапат нашите балетските првенци: Мими Поп Алексова Атанасовска и Бобан Ковачевски заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет

Фото: НОБ

На 20 март со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната и драматична балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

„Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка“, информираат во НОБ.

Во главните улоги ќе настапат нашите балетските првенци: Мими Поп Алексова Атанасовска и Бобан Ковачевски заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.