fbpx

Балетската бајка „Заспаната убавица“ во НОБ на 7 и на 8 март

Во главните улоги на 7 март ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов, а за првпат во главните улоги на 8 март ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија. Воедно, наастапуваат и солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на НОБ

-

Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во музиката на Петар Илич Чајковски, ќе се одржи на 7 и на 8 март со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет (НОБ).

„Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов“, информираат во НОБ.

Во главните улоги на 7 март ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов. За првпат во главните улоги на 8 март ќе настапат: Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија. Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер“, се додава во соопштението од НОБ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...