fbpx

Фотографија од 2016 година со налепница на регистарските таблички, претставена како да е од 2024

Фотографијата е стара речиси осум години и не претставува пракса на официјална Грција, туку инцидент

-

Наспроти изнесеното во објавите, оваа фотографија не е од 2024 година, туку е стара речиси осум години и не претставува пракса на официјална Грција, туку инцидент. Оригиналната фотографија била објавена во македонските медиуми на 23 август 2016 година, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објави на социјалната мрежа Фејсбук (овдеовдеовдеовдеовдеовде, овде и овде) во кои се споделува фотографија за која се вели дека потекнува од Грција и се однесува на новите налепници за регистарски таблички НМК. Според објавите, наводно Грците залепиле нивни налепници врз новите налепници врз кои е испишано:

You are not Makedonians you are Slavs = Vadaska Macedonia is Greek.

Во сите објави се пренесува настанот со наводното лепење на вакви налепници, како да се случил сега – деновиве.

Така, во некои од текстовите пишува дека:

Во Грција не „минува“ ниту НМК на регистарските таблички. 

Во Грција со скандалозна налепница покриена ознаката НМК на регистарска табличка на автомобил од Скопје.

Над сината лента со ознака НМК на регистерската табличка непознат сторител залепил скандалозна налепница на која пишува –

-Вие не сте Македонци, вие сте словени -, Македонија е Грчка.

Текстови се повикуваат на тоа дека ваква фотографија била споделена на Фејсбук.

Слично се тврди и во други написи:

Граѓани кои деновиве биле кај јужниот сосед се жалат дека на нивните автомобили во делот за налепница на регистарската ознака било залепено ‘You are not Makedonians, you are Slavs Vadaska Makedonia is Greek’.

Граѓаните, пак, кои ги споделуваат овие текстови ја критикуваат власта и коментираат дека  „ова треба да го видат сите, како се понижува македонскиот народ“.

Меѓутоа, наспроти изнесеното во објавите, оваа фотографија не е од 2024 година, туку е стара речиси 8 години и не се работи за пракса на официјална Грција, туку за инцидент. Вистиномер ја пронајде оригиналната фотографија која била објавувана во македонските медиуми на 23 август 2016 година.

Инаку, на предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на С. Македонија во 2023 година ја усвои информацијата во врска со потребата од ставање налепници со НМК ознака на регистарските таблички.

Целта на ова решение за употреба на налепница со „НМК“ ознака, предложено од МВР како најсоодветно, функционално и економично решение, е да се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и правните лица за издавање повеќе нови документи, лиценци, сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската табличка, а истовремено во целост се испочитува обврската за ознаката на новиот код на РС Македонија.

Покрај ова, со ваквото решение им се овозможува олеснување и на транспортерите кои патуваат во ЕУ, со што ќе ги задржат постојните таблички на транспортните возила, а истовремено ќе бидат заштитени од потребата за промена во целокупната документација во државите членки на ЕУ каде што извршуваат транспортни услуги.

Со измената на правилникот се предвиде можноста на сите регистарски таблички, кои ја содржат ознака „МК“, на местото на кое е поставена ознаката „МК“, да се стави налепница на која е испишана национална ознака „НМК“.

Поради сите горенаведени факти, објавите што ги рецензираме ги оценуваме како објави во кои се пропушта контекстот. Фотографијата е од 2016 година и не е сегашна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...