fbpx

Русија гранатира пристаништа и градови во Украина, има загинати и повредени лица

-

Градови и села во Харкивскиот, Днипропетровскиот, Донецкиот и Миколаивскиот регион се гранатирани од руските сили во текот на изминатово деноноќие, при што има загинати и повредени лица. Во руското ракетирање на градот Краматорск во Донецкиот регион загинаа три лица, пренесува Гардијан.

Како последица на рускиот ракетен напад на населеното место Змијив во Харкивскиот регион, тројца цивили биле повредени, јавува Укринформ. Од руското гранатирање не било поштедено ниту пристаништето во градот Миколаив на југот на Украина, каде што со три ракети била погодена пристанишната инфраструктура, пишува Укринформ.

Во Днипропетровскиот регион биле гранатирани градовите Никопол, Марханец и Зеленодолск. Овие градови се лоцирани од десната страна на реката Дњепар, при што 20 ракети биле истрелани кон Никопол, додека со 30 ракети бил погоден Марханец. Еден жител бил повреден, а оштетени и уништени се станбени згради, куќи и инфраструктурни објекти, јавува Укринформ.

Во меѓувреме, руските сили успеале да го заземат селото Писки во Донецкиот регион, јавува Гардијан. Сепак, нивните обиди за да ја пробијат украинската одбрана во правец на градот Словјанск биле одбиени.

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај посочува дека руските сили минатата недела биле првенствено посветени на реорганизација на нивните сили во јужна Украина, додека нападите во Донбас биле сконцентрирани првенствено кон населените места под украинска контрола лоцирани северно од градот Донецк, пишува Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...