fbpx

„Амнести интернешенел“ со критика до Украина, Зеленски бара да не се оправдува руската инвазија

-

Невладината организација „Амнести интернешенел“ вчера ги обвини украинските сили за прекршување на меѓународното право и за загрозување на цивилите во нивната одбрана од руската инвазија, пренесува Гардијан. Во извештајот на „Амнести интернешенел“ се наведуваат инциденти во 19 градови и населени места, во кои, веројатно, украинските сили ги загрозиле животите на цивили со воспоставување на бази во станбени објекти.

Украинската канцеларија на „Амнести интернешенел“ се огради од објавениот официјален извештај на организацијата, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека оваа организација за почитување на човековите права се обидела да понуди „амнестија на терористичка држава и да ја префрли одговорноста од агресорот на жртвата“, пишува Гардијан.

Зеленски во своето обраќање рече дека не може да се толерира извештај во кој жртвата и агресорот се наводно еднакви.

„Не постои услов, дури и хипотетички, под кој каков било руски напад врз Украина би станал оправдан. Агресијата врз нашата држава е неиспровоцирана, инвазивна и терористичка“, изјави претседателот Зеленски.

Украинските власти денеска упатија ново обвинување кон руската војска дека користи муниција со бел фосфор при нападот врз селото Слатине во Харкивскиот регион, јавува Укринформ. Како резултат на користењето на ваквата муниција, шест куќи во селото изгореле.

Украина ги обвинува руските сили дека продолжуваат со непрекинато гранатирање на украинските градови кои не се под окупација на Русија. Изминатово деноноќие имало ракетирање на градовите Миколаив, Никопол и Запорожје, а засега нема информации за загинати и повредени лица, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...