fbpx

Украина ја напуштиле 10 милиони лица од почетокот на руската инвазија, борбите продолжуваат

-

Надмината е бројката од 10 милиони лица коишто ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари годинава, информираат Обединетите нации, пренесува Гардијан. Најголемиот дел од овие лица се бегалци коишто пронајдоа засолниште во некоја од европските земји, првенствено во Полска.

Во меѓувреме, на терен продолжуваат борбите во кои страдаат цивили. Украинската воена команда денеска информираше дека руските сили доведуваат дополнителни сили за напад во правецот кон Криви Рих, јавува Укринформ. Русија најверојатно планира нова офанзива, со која сака да напредува кон целосно заземање на северните граници од регионот Херсон.

Украинските власти информираат дека во Донбас, во фокус на руските сили во моментов е напредувањето во правец кон градот Бахмут во Донецкиот регион, пренесува Укринформ.

Руското гранатирање на градовите во Украина кои не се под нивна контрола продолжило и во изминатово деноноќие. Гардијан јавува за нови напади врз пристанишниот град Миколаив, во кои се погодени супермаркет, спортско училиште, улица и објект со продавници.

Ракетен напад бил извршен и врз градот Харкив, при што биле погодени индустриски капацитети во градот, но нема податоци за загинати и повредени лица, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...