fbpx
Таг: воена агресија

таг: воена агресија

Најмалку 11 загинати лица во напад на руска касарна во близина на границата со Украина

Двајца проруски волонтери отвориле оган кон останати волонтери во оружениот напад што се случил во касарна во рускиот регион Белгород на границата со Украина, јавува Гардијан. Најмалку 11 лица загинаа во нападот, а 15 се повредени, но притоа нема цивилни жртви во оружениот судир. Руските власти го оквалификуваа нападот за терористички чин, но засега нема информации за било каква...

Украина за еден месец ослободила повеќе од 600 населени места

Украинската армија за еден месец успеала да ослободи повеќе од 600 населени места, од кои 75 се лоцирани во Херсонскиот регион, јавува Гардијан. Најголемиот дел од нив, или над 500, се ослободени во Харкивскиот регион на истокот од земјата, каде што Русија беше поразена и речиси целосно протерана од овој регион. Властите тврдат дека од руска окупација се ослободени...

Обединетите нации ја осудија Русија за анексијата на делови од Украина, руските ракетирања продолжуваат

Генералното собрание на Обединетите нации со огромно мнозинство од земјите во светот ја осудија руската нелегална анексија на четири украински региони кон Руската Федерација. Од 193 земји, повеќе од три-четвртини, односно 143 земји, гласаа за резолуцијата која што го осудува потегот на Москва како нелегален, додека само четири земји гласаа во корист на Русија - Сирија, Никарагва, Белорусија и...

За оштетувањето на Кримскиот мост Москва ја обвинува Украина, експлозивот патувал и низ Бугарија

Експлозивот којшто бил искористен за оштетување на Кримскиот мост бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија до Крим, тврди руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува весникот Гардијан. За организатор на експлозијата на камионот, руските власти го обвинуваат шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов. Официјална Москва настанот го оквалификуваше како терористички чин и, како што тврдат, досега...

Русија со ракетни напади врз Кијив, има повредени и загинати лица

Серија од експлозии го погодија украинскиот главен град Кијив, а руски напади се регистрирани и во други градови низ Украина, јавува Би-би-си. Дел од експлозиите утрово се случија во центарот на Кијив, при што се регистрирани неколку загинати и повредени лица. Украинските власти соопштија дека Кијив е нападнат во неколку наврати утрово и ги советуваа граѓаните да останат во засолниште,...

Бајден: Нуклеарниот ризик денес е најголем по кубанската криза од 1962 година

Ризикот од нуклеарен „Армагедон“ е на највисоко ниво по кубанската криза од 1962 година, предупреди американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Би-би-си. Бајден вели дека рускиот претседател Владимир Путин не се "шегува" кога говори за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина по загубите на фронтот од неговата војска. Претседателот на САД предупредува од глобална ескалација на војната во Украина. „За првпат...

Русија губи на фронтот, но со камикази дронови и ракетирања напаѓа украински градови

Три нови населени места во Херсонскиот регион се ослободени од украинските сили во изминатово деноноќие, информираат украинските власти. Станува збор за Нововоскресенске, Новохрухоривка и Петропавливка, пренесува Укринформ. Ослободени се територии во длабочина од над 10 километри, а проруските власти и понатаму тврдат дека потегот е „тактичко“ повлекување на војската, пишува Гардијан. И додека Русија губи на фронтот, за што воените...

Украина ја проби руската одбрана во Херсонскиот регион, ослободени нови територии

Украинската војска ослободи нови територии во окупираните региони од Русија. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека се ослободени населени места во неколку региони, јавува Би-би-си. Во Херсонскиот регион украинските војници успеале да ја пробијат руската одбрана и да навлезат до 30 километри на југ до градот Дудчани, којшто е лоциран на реката Днипро. Про-руските власти во Херсон го потврдија пробивот...

Зеленски тврди дека украинската војска остварила напредок во Херсонскиот регион

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешниот говор рече дека украинската војска остварила напредок во Херсонскиот регион, освојувајќи ги населените места Арханхелске и Мирољубивка, пренесува Гардијан. Тој додаде дека припадниците на армијата успеале да ослободат и територија од Луханскиот регион, додавајќи дека Русија во моментов не ја држи целата територија од ниту еден од четирите окупирани региони кои ги анексираше...

Пендаровски и другите претседатели од членките на НАТО со реакција на руската анексија на делови од Украина

Претседателите на земјите-членки на НАТО од Централна и Источна Европа денеска упатија заедничка изјава во врска со одлуката на Русија за нелегално анектирање на украински територии, која ја потпиша и македонскиот претседател Стево Пендаровски, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. „Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа...

Украина го ослободи стратешки важниот град Лиман во Донецкиот регион

Украинските воени сили го ослободија градот Лиман во Донецкиот регион. Руските власти потврдија дека ги повлекле своите трупи од ова стратешки важно населено место, откако претходно беа објавени информации дека тие може да бидат целосно опколени, јавува Гардијан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање ја потврди победата на украинската армија, додавајќи дека во рамките на претстојната недела ќе следат...

Путин денеска анектира региони од Украина, во ракетен напад врз колона бегалци загинаа најмалку 23 лица

Во ракетен напад врз конвој бегалци во близина на украинскиот град Запорижја (Запорожје) загинаа најмалку 23 цивили, а 28 лица се повредени, јавува Гардијан. Конвојот се состоел од цивили кои со возила оделе да ги соберат од граничните пунктови своите роднини кои сакале да избегаат од украинските региони окупирани од Русија. Украинските власти тврдат дека конвојот од цивили бил погоден...

САД ќе ѝ доделат 18 нови ракетни системи „Химарс“ на Украина за да ја зајакнат нејзината одбрана

САД вчера објавија дека на Украина ќе ѝ достават 18 дополнителни ракетни системи „Химарс“ за да ја зајакнат нејзината одбрана. Пакетот за воена помош вреден 1,1 милијарда долари ќе овозможи удвојување на моќните ракетни комплекси што ги поседува Украина, а кои се покажаа како особено ефикасни во контраофанзивните дејствија на Украина, пренесува Гардијан. Официјален Пентагон објави дека ракетните системи „Химарс“...

Путин можеби в петок ќе објави анексија на окупираните украински региони по квази-референдумите

Британското Министерство за одбрана објави дека рускиот претседател Владимир Путин веќе во петок би можел да објави анексија на окупираните територии на Украина, објави Гардијан. Ваквите информации доаѓаат на последниот ден од одржувањето на квази-референдумите во окупираните региони Херсон, Запорожје, Донецк и Луганск. Путин во петок ќе се обрати пред двата дома на рускиот парламент, и тоа по објавувањето на...

Ракетирањата продолжуваат, мисијата на ОН пристигна во нуклеарната електрана во Запорижја

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) при ОН денеска пристигна во окупираниот град Енергодар, во чија близина се наоѓа нуклеарната електрана Запорижја (Запорожје), јавува Укринформ. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси денеска изјави дека нивната мисија ќе трае неколку дена, иако руските власти кои ја имаат окупирано електраната, претходно рекоа дека мисијата ќе трае само еден ден, пишува...

Поради руската агресија Украина ќе се соочи со една од најстудените зими

Украинските граѓани ќе се соочат со една од најстудените зими во изминативе децении, а веќе е сигурно дека системите за парно греење ќе се вклучат подоцна од вообичаеното и ќе се изгаснат порано од досега предвиденото во текот на грејната сезона, изјави директорот на украинската државна енергетска компанија „Нафтогаз“, Јуриј Витренко, пишува Гардијан. Тој додава дека затоплувањето во домовите во...

Најмалку 22 загинати во руското ракетирање на патнички воз во Украина

Најмалку 22 лица загинаа, а 50 се повредени во рускиот ракетен напад на железничка станица во Днипропетровскиот регион во Украина. Ракетите погодиле патнички воз којшто се запалил, а меѓу загинатите е и 11-годишно дете, пишува Гардијан. Ракетирањето се случило во градот Чаплине, околу 145 километри западно од Донецк. Рускиот ракетен напад се случи на денот кога се одбележува 31-годишнината од...

Украина го слави Денот на независноста, шест месеци се бори против руската агресија

На 24 август 1991 година Украина прогласи независност од Советскиот Сојуз, а по 31 година денеска го слави Денот на независноста во услови на војна. Токму на 24 февруари започна руската агресија врз Украина, така што граѓаните на оваа земја денеска одбележуваат и шест месеци од одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет. За разлика од спектакуларната прослава на независноста минатата...

Руското ракетирање на Харкив продолжува, пријавени нови цивилни жртви

Харкив како втор по големина град во Украина изминативе три дена е цел на континуирано ракетирање од руските сили. Три населби во градот утрово повторно биле погодени од руските ракети, а најмалку едно лице е повредено. Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај посочува дека ова е едно од најконзистентните ракетирања на Харкив од почетокот на руската инвазија во...

Пеколна ноќ во Харкив, од руското гранатирање загинаа девет цивили и 35 се повредени

Харкивскиот регион минатата ноќ се соочи со најинтензивно гранатирање од почетокот на руската инвазија врз Украина. Во нападите се погодени станбени објекти, при што животот го загубија најмалку девет цивили, а 35 лица се повредени меѓу кои и три деца, пренесува Укринформ. Во неколку наврати од 21:30 часот вечерта до рано утринава, извршени се ракетни напади од руските сили врз...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...