fbpx

Руското ракетирање на Харкив продолжува, пријавени нови цивилни жртви

-

Харкив како втор по големина град во Украина изминативе три дена е цел на континуирано ракетирање од руските сили. Три населби во градот утрово повторно биле погодени од руските ракети, а најмалку едно лице е повредено. Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај посочува дека ова е едно од најконзистентните ракетирања на Харкив од почетокот на руската инвазија во февруари, пренесува Гардијан.

Градот се наоѓа на 15 километри оддалеченост од фронтот, така што останува мета на најразличните видови на руска артилерија. Притоа, од ракетирањето на руската војска се предизвикува уништување на големи делови од Харкив, покрај цивилните жртви чиј број се искачи на 17 загинати лица во неодамнешните напади.

„Тие најверојатно се обидуваат да ја принудат Украина да задржи значајни сили на овој фронт, како би ја спречила да ги прераспореди како сила за контраофанзивни напади на други локации“, се наведува во извештајот на Британското Министерство за одбрана.

Од руското ракетирање и борбите во Донецкиот регион во изминатово деноноќие загинаа најмалку пет цивили, а 10 лица се ранети, пишува Укринформ. Двајца од загинатите се од Авдивка, а по еден од населените места Дружба, Зеленопилија и Первомајские.

И во Днипропетровскиот регион во изминатово деноноќие имало гранатирање на населени места од страна на руските сили. Една 36-годишна жена загина од ракетите кои го погодиле населеното место Апостолове во Криви Рих, додека 12-годишно момче било повредено во ракетирањето на село во овој украински регион, пренесува Укринформ. И градот Никопол бил погоден со ракети изминатава ноќ, при што се погодени 20 станбени објекти, неколку продавници, училиште, банка и автобуско стојалиште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...