fbpx

Најмалку 22 загинати во руското ракетирање на патнички воз во Украина

-

Најмалку 22 лица загинаа, а 50 се повредени во рускиот ракетен напад на железничка станица во Днипропетровскиот регион во Украина. Ракетите погодиле патнички воз којшто се запалил, а меѓу загинатите е и 11-годишно дете, пишува Гардијан.

Ракетирањето се случило во градот Чаплине, околу 145 километри западно од Донецк. Рускиот ракетен напад се случи на денот кога се одбележува 31-годишнината од независноста на Украина.

„Спасувачите работат, но за жал бројот на загинати е можно да порасне“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање до нацијата.

Руските сили извршиле напади и на населени места во Днипропетровскиот регион, при што се повредени најмалку осум лица во Синелникове, јавува Укринформ.

Во ракетен напад на Вишгород во Кијивскиот регион биле истрелани две ракети, но нема информации за повредени и загинати лица. За време на Денот на независноста на Украина, имало ракетирање и на населени места во регионот Суми во североисточниот дел на Украина, но и во Донецкиот регион.

И покрај опасноста од напади, британскиот премиер Борис Џонсон вчера ја оствари третата по ред посета на Кијив, која симболично се случува за време на Денот на независноста. Џонсон побара од меѓународната заедница да ја продолжи поддршката за Украина, при што му посочи на претседателот Володимир Зеленски дека Украина може и ќе ја добие војната, пишува Гардијан.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера соопшти дека САД ќе ѝ доделат на Украина дополнителни 3 милијарди долари воена помош, вклучувајќи радари, ракети за противвоздушна одбрана, артилерија и друго.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...