fbpx

Зеленски тврди дека украинската војска остварила напредок во Херсонскиот регион

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешниот говор рече дека украинската војска остварила напредок во Херсонскиот регион, освојувајќи ги населените места Арханхелске и Мирољубивка, пренесува Гардијан. Тој додаде дека припадниците на армијата успеале да ослободат и територија од Луханскиот регион, додавајќи дека Русија во моментов не ја држи целата територија од ниту еден од четирите окупирани региони кои ги анексираше во петокот.

Украинските сили успеале да го ослободат населеното место Торске, кое е лоцирано на 15 километри источно од ослободениот град Лиман во Донецкиот регион. Руските сили кои се бореа во Лиман успеале да се повлечат во населеното место Шастја, информираа украинските власти, пренесува Укринформ.

Во меѓувреме, руската војска продолжува со гранатирањето на населени места кои се под украинска контрола. Едно лице загина, а двајца цивили се ранети во руското гранатирање на Харкивскиот регион во изминатово деноноќие. Со ракети од системи за противвоздушна одбрана С-300 бил нападнат и градот Запорижја, но нема информации за повредени лица во нападот.

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус ја предупреди Русија дека САД и нејзините сојузници ќе ја уништат руската војска и опрема во Украина и ќе ја потопат Црноморската флота доколку рускиот претседател Владимир Путин употреби нуклеарно оружје во воената агресија врз Украина. Тој рече дека хипотетички, доколку Русија употреби нуклеарно оружје, тоа ќе значи дека ние ќе одговориме со напад на секоја воена сила што ќе ја забележиме на украинската територија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...