fbpx

Претседателски избори во Бразил: Лула да Силва и Болсонаро одат во втор круг

-

Претседателските избори во Бразил одат во втор круг во кој левичарот Луис Инасио Лула да Силва ќе се соочи со актуелниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро, пренесе Гардијан.

Поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва не успеа да обезбеди мнозинство што му беше потребно за да го избегне вториот круг. Со преброени повеќе од 99,5 отсто од гласовите, левичарскиот ветеран обезбеди 48,3 отсто од гласовите, што не е доволно за да се избегне пресметката на 30 октомври со неговиот десничарски ривал. Болсонаро, кој значително ги надмина предвидувањата на анкетарите и ќе биде поттикнат од резултатот, доби 43,3%.

Обраќајќи им се на медиумите во хотел во центарот на Сао Паоло, Лула, кој беше претседател од 2003 до 2010 година, пркосно изјави: „Борбата продолжува до нашата конечна победа“.

Двајцата се лути ривали и поминаа голем дел од кампањата тргувајќи со навреди. Во последната ТВ дебата пред гласањето, Болсонаро го нарече Лула крадец, а во врска со обвиненијата за корупција поради кои тој беше затворен на 580 дена пред да биде поништена пресудата. Лула пак го нарече Болсонаро лудак. Гласањето, на кое можеа да учествуваат 156 милиони гласачи, помина без насилство или поголеми инциденти во најголемата земја во Латинска Америка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...