fbpx

Путин денеска анектира региони од Украина, во ракетен напад врз колона бегалци загинаа најмалку 23 лица

-

Во ракетен напад врз конвој бегалци во близина на украинскиот град Запорижја (Запорожје) загинаа најмалку 23 цивили, а 28 лица се повредени, јавува Гардијан. Конвојот се состоел од цивили кои со возила оделе да ги соберат од граничните пунктови своите роднини кои сакале да избегаат од украинските региони окупирани од Русија.

Украинските власти тврдат дека конвојот од цивили бил погоден од руски ракети на излезот од градот Запорижја, информирајќи дека службите за итна помош уште работат на терен. На лице место на стравичниот настан излегоа и новинарски екипи, а од фотографиите и видеата може да се забележат уништени возила и загинати и повредени цивили покрај нив. Властите на регионот Запорижја го прогласија утрешниот ден како ден на жалост поради загинатите цивили.

Под ракетен напад изминатава ноќ бил и градот Днипро во Днипропетровскиот регион, каде што била уништена транспортна компанија. Од руските ракети најмалку едно лице загинало, а пет лица се повредени, јавува Укринформ.

Под жесток ракетен напад изминатово деноноќие биле и населени места во регионот Миколаив. Во пристанишниот град на Црното море од руските ракети била погодена деветкатна станбена зграда. Регионалниот гувернер на областа, Виталиј Ким соопшти дека под урнатините на станбената зграда се заробени жители, не прецизирајќи го нивниот број, пишува Укринформ.

Нападите врз украинските градови доаѓаат паралелно со информациите на руските медиуми, кои ги потврдуваат укажувањата на меѓународната заедница дека Владимир Путин денеска ќе ги анектира окупираните украински региони кон Руската Федерација. Новинската агенција ТАСС пишува дека Путин ги потпишал указите за признавање на независноста на регионите Херсон и Запорожје. Указите стапуваат на сила веднаш, а образложението на рускиот претседател е дека жителите на овие два региона на референдуми ја донеле ваквата одлука. Би-би-си посочува дека ваквата одлука е чекор пред целосно присоединување на овие територии кон Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден децидно изјави дека САД нема никогаш да го признаат рускиот обид за анексирање на територии на Украина кон Руската Федерација. Како резултат на присоединувањето кое го загрозува суверенитетот на Украина, САД ќе воведат нови санкции кон Русија, пренесува Би-би-си.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...