fbpx

Најмалку 11 загинати лица во напад на руска касарна во близина на границата со Украина

-

Двајца проруски волонтери отвориле оган кон останати волонтери во оружениот напад што се случил во касарна во рускиот регион Белгород на границата со Украина, јавува Гардијан. Најмалку 11 лица загинаа во нападот, а 15 се повредени, но притоа нема цивилни жртви во оружениот судир. Руските власти го оквалификуваа нападот за терористички чин, но засега нема информации за било каква вмешаност на Украина.

Украинските власти тврдат дека нападот го извршиле волонтери кои се подготвувале за борба во Украина, со потекло од Таџикистан. Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека напаѓачите отвориле оган после караница на религиозна тема. Руските власти засега тврдат дека нападот го извршиле „терористи“, а дополнителни детали околу нападот треба допрва да се соопштат.

Инаку, претседателот Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во источна Украина е најтешка во градот Бахмут во Донецкиот регион, којшто руските сили се обидуваат да го окупираат со недели наназад. Ова населено место со околу 70.000 жители е под напади на руската војска, која што веќе ги освои селата Опутине и Иванград, пишува Гардијан.

Украинските власти тврдат дека бројот на руски војници коишто загинале во Украина од почетокот на руската агресија се искачил на 65.000. Во изминатите 24 часа загинале 300 руски војници, додека бројот на уништени тенкови се искачил на 2.529, пишува Укринформ.

Во изминатово деноноќие продолжиле руските ракетирања врз населени места под украинска контрола. Притоа, бројот на загинати цивили од ваквите ракетирања се искачил на 10, а најмалку 14 лица се повредени, пренесува Укринформ. Шест лица се повредени од нападите со ракети во градот Никопол во Днипропетровскиот регион, јавува Укринформ. Во регионот Запорижја биле уништени две училишта како резултат на руското гранатирање, додека седум населени места во Донецкиот регион биле гранатирани во изминатово деноноќие.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...