Славчо Темелковски: Квалитетот на студентите во Македонија е многу повисок од нашата позиција на светските листи [Интервју]

фото: Мета.мк

Студентите на најголемиот универзитет во земјава се соочуваат со низа предизвици, но пред да се премине кон решавање на проблемите, неопходно е да се зголеми довербата во Универзитетското студентско собрание кое ги претставува студентите во академската заедница, вели во интервју за „Мета.мк“ новиот претседател на УСС УКИМ, Славчо Темелковски.

Во интервјуто, Темелковски ја претставува агендата на новиот состав на студентското собрание, чиј мандат започна минатиот месец и се осврнува кон позицијата на УКИМ на светските ранг-листи, додавајќи дека квалитетот на студентите во Македонија е многу повисок од позицијата на универзитетите на светските листи.

Темелковски зборува и за корупцијата и дискриминацијата на УКИМ, како и за неопходните измени во Законот за субвенциониран студентски оброк, за кој сѐ уште е неизвесно дали и кога ќе почне да се исплаќа.

Целото интервју можете да го погледнете во видеото.