Украина го слави Денот на независноста, шест месеци се бори против руската агресија

-

На 24 август 1991 година Украина прогласи независност од Советскиот Сојуз, а по 31 година денеска го слави Денот на независноста во услови на војна. Токму на 24 февруари започна руската агресија врз Украина, така што граѓаните на оваа земја денеска одбележуваат и шест месеци од одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет.

За разлика од спектакуларната прослава на независноста минатата година, во Кијив денеска се забранети масовни собирања на граѓаните за прослава на Денот на независноста. Украинските власти, исто како и западните држави, предупредија дека Русија подготвува уште еден напад на главниот град.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот емотивен говор пред своите сонародници изминатава ноќ изјави дека нова нација се појавила во светот на 24 февруари, во 4 часот наутро кога Русија ја нападна Украина, нација која што не се плаши, плаче и не се предава.

„Што е за нас крајот на војната? Во минатото велевме: мир. Сега велиме: победа“, изјави претседателот Зеленски, пренесува Гардијан.

Инаку, многумина од жителите на Кијив во текот на вчерашниот ден го напуштија главниот град поради предупредувањата дека Русија може да ги нападне некои од водечките владини објекти.

Укринформ во опширниот текст за стекнувањето на независноста на Украина потсетува дека граѓаните на целата земја на 1 декември 1991 година со мнозинство од дури 90,32 отсто од излезените гласачи се изјаснија за да живеат во независна и суверена земја и ја одобрија Декларацијата за независност од СССР.

По повод денешната прослава на независноста, честитки од многубројни претседатели, премиери и други високи функционери од целиот свет пристигнуваат на адресата на украинското раководство и граѓани, со порака дека целиот свет стои позади сувереноста и независноста на Украина. Меѓу бројните пораки што пристигнаа, треба да се вбројат и оние на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателите на Полска, Литванија, Финска, Молдавија и многу други земји.

И македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, по повод Денот на независноста на Украина денеска оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и упати искрени честички по повод Националниот ден.

„Северна Македонија во овие тешки времиња за украинската и европската безбедност, изразува силна поддршка за Украина и солидарност со украинскиот народ во нивната борба за враќање на мирот и надминување на последиците од руската агресија. Украинците, бранејќи ја својата татковина, се борат не само за својата слобода, туку и за слободата на целокупниот демократски свет и споделените европски вредности“, истакна министерот Османи.

Инаку, на линиите на фронтот и во украинските градови и за време на Денот на независноста се гине во војната. Најмалку едно лице загина, а двајца цивили се повредени од руските напади на населени места во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Ракетирани се градови и села во регионите Днипропетровск, Запорожје, Суми и Харкив.

За страдањето на украинскиот народ од почетокот на руската агресија, доволно говорат бројките на Канцеларијата на високиот комесаријат за човекови права на ОН, кои велат досега се убиени 5.587 цивили, а 7.890 лица биле повредени. Како последица на воената инвазија, речиси 9.000 украински војници загинаа во борбите и нападите од руските сили. Над 12 милиони Украинци се раселени како последица на воената агресија од Русија, а окупирани се околу 22 проценти од целокупната територија на Украина.

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две...

Играта „Warframe“ има ново продолжение наречено „1999″

Излегувањето на алтернативното продолжениe за бесплатната игра Warframe наречено „1999” ја буди носталгијата од Сајберпанк филмовите, стриповите, музиката и книгите во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Ова е трејлерот...

Грузиските пратеници избраа екстремно десничарски и критичар на Западот за нов претседател

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили за нов претседател, пренесува „Гардијан“. Според медиумот, сега уставната криза се продлабочува бидејќи според опозицијата, изборот на поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е „нелегитимен“. „Грузиските пратеници го...

Од почетокот на епидемијата, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица

Од почетокот на епидемијата на пертусис, која трае безмалку една година, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што...

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило...