Обединетите нации ја осудија Русија за анексијата на делови од Украина, руските ракетирања продолжуваат

-

Генералното собрание на Обединетите нации со огромно мнозинство од земјите во светот ја осудија руската нелегална анексија на четири украински региони кон Руската Федерација. Од 193 земји, повеќе од три-четвртини, односно 143 земји, гласаа за резолуцијата која што го осудува потегот на Москва како нелегален, додека само четири земји гласаа во корист на Русија – Сирија, Никарагва, Белорусија и Северна Кореја, пренесува весникот Гардијан.

На гласањето во Генералното собрание на ОН имаше и 35 воздржани гласа, вклучувајќи ги Кина, Индија, Јужна Африка и Пакистан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер напиша дека е „благодарен на 143 држави кои ја поддржаа историската резолуција дека обидот на Русија за анексија е безвреден“.

Наспроти јасната осуда на целиот свет за потезите коишто ги влече Русија во Украина, руското ракетирање и во текот на изминатово деноноќие продолжи. Во пристанишниот град Миколаив на југот на Украина од руските ракети, меѓу другите цели, беше погодена и станбена зграда. Дете на возраст од 11 години е извадено од рушевините, а се стравува дека под урнатините на ракетираниот објект се наоѓаат уште седум луѓе по кои трагаат спасувачките екипи, јавува Укринформ.

Руски напади утрово се регистрирани и во Кијивскиот регион, каде што украинските власти тврдат дека се користат камикази-дронови за уништување на критичната инфраструктура. Украинскиот генералштаб тврди дека руските сили лансирале 86 ирански дронови над Украина, а противвоздушните сили успеале да уништат 60 отсто од нив, пренесува Укринформ.

Ракети во изминатово деноноќие биле испалени од руските сили врз населени места во Днипропетровскиот регион, а над 60 од нив биле истрелани кон градот Никопол. Покрај оштетувања на над 30 куќи, станбени згради и инфраструктурни објекти, во ракетирањата сериозно е повредена 59-годишна жена, јавува Укринформ.

Во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана се вели дека руските сили се обидуваат да ја консолидираат линијата на фронтот кај селото Милове во Херсонскиот регион, пренесува Гардијан. Ваквиот обид следи откако украинските сили успеаја да продрат околу 20 километри од претходната фронтална линија на руските сили на северот од овој регион. Во изминативе денови, руски сили вршат подготовки за евакуација на дел од цивилите од Херсон, што укажува на фактот дека руската војска се подготвува за борба и во главниот град на регионот.

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Со скромна церемонија, oпштина Чаир денескa во Паркот „Украина“ го организираше поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот...