fbpx

Бројката на загинати во големиот руски напад на Кијив порасна на 32

Градот Харкив на истокот на земјата синоќа бил нападнат со руски ракети од систем за противвоздушна одбрана С-300

-

Бројката на загинати лица во големиот руски ракетен напад на Кијив што се случи на 29 декември минатата година, се искачи на 32, соопшти Воената управа на градот Кијив.

Како што пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net, најновите две жртви се идентификувани утрово од страна на украинското Министерство за внатрешни работи.

На 29 декември, Русија со 160 ракети и дронови изврши голем воздушен напад врз Украина, при што беше нападнат и главниот град.

Во меѓувреме, САД потврдија дека воената помош што ја даваат на Украина, се користи соодветно. Џон Кирби, координатор на Националниот совет за безбедност на САД, порача дека сѐ е в ред со користењето на помошта за Украина и нема знаци на корупција.

„Може да им гарантираме на Конгресот и на американскиот народ дека материјалот се користи соодветно на борбеното поле и не гледаме никакви индиции дека не е така или дека има корупција од широк замав или злоупотреба од страна на украинската војска“, порача Кирби на брифинг во Вашингтон.

Во меѓувреме, во Украина се пребројуваат штетите и повредените од синоќешните и ноќешните напади од руските сили врз низа цивилни цели.

Во артилериски напад во градот Никопол, оштетени биле повеќе куќи, а детонациите не престануваат. Во регионот Донецк, во ракетен напад уништени се градинка и училиште во гратчето Курахове.

Градот Харкив на истокот на земјата синоќа бил нападнат со руски ракети од систем за противвоздушна одбрана С-300. Извршени се два ракетни напада, а засега нема информации за загинати. Во центарот на градот нанесени се штети на инфраструктурни објекти.

Според статистиките на Генералштабот на украинските вооружени сили, рускиот непријател досега загубил 362.280 војници во војната во Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...