Обвинение е поднесено против 33-годишен насилник од Скопје, којшто на улицата „Џон Кенеди“ демонстрирал сила, информираат од Основното јавно обвинителство.
Имено, тој пред зграда на оваа улица во Чаир/Топаанско Поле, со пиштол AG-9 во кавга, нишанел во три лица, по што на едното од нив му удрил шлаканица, а потоа пукал во воздух.
Полицијата го привела и тој веднаш по инцидентот бил однесен во притвор. Заедно со обвинителниот акт, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје), поднел и барање за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.