fbpx

Постар гевгеличанец поради имотни расправии со пиштол ги убил братот и снаата

Мотивот за убиството бил судски спор околу нерасчистени имотно- правни односи. Застреланите починале на местото на пукањето

-

Двојно убиство се случило вчеравечер во Гевгелија – 69-годишник од градот со пиштол си ги убил братот и снаата, соопшти МВР.

Убиството се случило во 18.50 часот вчеравечер пред семејната куќа во Гевгелија каде што тројцата живееле. Мотивот поради кој В.Г.(69), пукал во неговиот две години постар брат Л.Г. и снаата Т.Г. (62), бил судски спор околу нерасчистени имотно-правни односи. Застреланите починале на местото на пукањето.

Полицајците го уапсиле убиецот 10-на минути по убиството, при што од него е одземено оружјето и тој е задржан во Полициската станица Гевгелија, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија. Во текот на денот лицето ќе биде изведено пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

Како што подоцна во соопштение разоткри Јавното обвинителство, кога ги забележал оштетените како се паркираат со нивното возило пред дворот на куќата, осомничениот излегол во дворот, држејќи ја во рацете приватната тужба поднесена против него од починатите за кривично дело – Оштетување туѓи предмети.

Двајцата браќа имале нарушени меѓусебни односи и не разговарале повеќе од 40 години, но починатите тужбата ја поднеле неодамна, бидејќи осомничениот, ставајќи олуци на куќата, скршил плочки и ја оштетил оградата од нивната тераса.

Кога им забележал за поднесената тужба, тие не сакале да разговараат со него, па осомничениот влегол дома и го зел пиштолот марка „Црвена застава“, со калибар 7,62 милиметри кој го поседувал со дозвола. Потоа испукал повеќе куршуми кон братот и снаата, кои од здобиените повреди тие починале на самото место.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...