fbpx

Украина со контраофанзива на југот, руските сили ја зазедоа втората по големина електрана

-

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај вели дека украинската контраофанзива на југот на земјата зема замав откако тие успеале да воспостават премин јужно од реката Ингулец, која што ја формира северната граница на регионот Херсон, пишува Гардијан.

Украина ја користи новата артилерија со долг дострел за да оштети најмалку три мостови на реката Дњепар, во обид да ги отсечат руските сили кои се лоцирани на западната страна од реката и да го ослободат градот Херсон. Украинските власти тврдат дека во изминатово деноноќие успеале да уништат 66 руски војници и три тенкови, пишува Укринформ.

Гардијан пишува дека руските сили на истокот на Украина успеале да ја заземат термоелектрана Вухлехирск, која е втора по големина електрана во земјата. Советникот на претседателот Володимир Зеленски, Олексиј Арестович ја потврди ваквата информација и додаде дека руските сили вршат масовни прегрупирања во окупираните територии на трите јужни региони на Украина. Тој тврди дека доведувањето на нови сили сигнализираат промена во досегашната тактика од напад во стратешка одбрана.

Инаку, руските сили и во изминатово деноноќие продолжија со гранатирање на дел од украинските региони што не се окупирани од нивна страна. Во Кијивскиот регион, во Вишгород е извршен ракетен напад, при што е погоден инфраструктурен објект, јавува Укринформ. Спасувачките екипи се на терен и се утврдува дали има загинати или повредени лица од нападот.

Гардијан ја пренесува информацијата дека од Белорусија се истрелани над 20 ракети кон регионот Чернихив на североистокот на Украина. Засега нема информации за повредени и загинати лица. Ракетирани во изминатово деноноќие се и градот Миколаив на југот на Украина, како и Чухуив во Харкивскиот регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...