fbpx
Таг: вакцини

таг: вакцини

„Поинтер“: Анти-ваксерите со нови манипулативни тактики шират дезинформации

Во мај годинава Инстаграм објави дека ќе блокира хаштагови што промовираат „потврдено лажни“ информации за вакцините, потег што уследи по одлуките на другите социјални платформи да се сузбиваат погрешните информации за вакцините. Но, анти-ваксерите развија иновативни начини да се провлечат низ новововедените филтри, известува Factually, информативниот билтен на Меѓународната мрежа за проверка на фактите ( International Fact-Checking Network) организирана...

По два месеци, невакцинирано штипјанче конечно ќе тргне на училиште

Семејството Мијалкови од Штип покрена неколку правни постапки против државата и институциите, поради тоа што нивното аутистично дете не било примено во прво одделение. Малиот Никола Мијалков, кое е невакцинирано дете, веќе два месеци не оди на училиште поради недоставување на медицинска потврда. При тоа, родителите тврдат дека немаат ниту еден писмен одговор зошто нивното дете е надвор од...

Антиваксерите од Балканот се повикуваат на поддршката од Руската Православна Црква

Пропагандата против вакцинирањето наменета за корисници  на интернет од Балканот меѓу другото функционира и преку злоупотреба на религиозните чувства, пишува „КриТинк“ во анализата „Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?“. Патријархална комисија за семејството, која е директно одговорна пред пред г.г. Кирил, поглаварот на Руската православна црква (РПЦ) во април 2019 г. објавила посебен проглас под...

Непрофесионалното известување ја јакне антиваксерската пропаганда

Низа медиуми од Северна Македонија недоволно професионално известуваа за конференцијата на противниците на вакцинирањето одржана во Скопје на 21 септември, пишува „КриТинк.мк“ во  анализата „Антиваксерите одново во офанзива – медиумите со селектирани информации“. Анализата посочува дека голем број медиуми го пренеле само соопштението од организаторите на настанот, кое содржи низа дезинформации поврзани со вакцинирањето без да ја обезбедат целосната слика,...

Правото на образование да не се условува со вакцина, побараа родители, адвокати и доктори

Десетици родители, адвокати, доктори и гости вчера присуствуваа на конференцијата на тема „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме“, која ја организираше здружението „Од нас за нас“. Се зборуваше за правата на децата, особено на правото на образование без условување со примени вакцини. Некои од родителите ги раскажаа своите искуства со нивните деца кои не се примени...

Филипче: Требаше да ни се случи епидемија, за да се освестиме (инфографик)

Точно половина година трае епидемијата на мали сипаници. Болеста се појави во декември во градинка во Радишани, по што беше прогласена епидемија на локално ниво, а кога доби поголеми размери, беше прогласена и во Скопје, а подоцна и на територија на целата држава. Кога во почетокот беше констатирано дека илјадници деца до 14 годишна возраст не примиле вакцина против морбили,...

Пораст на вакцинираните против морбили, од годинава вакцини против пневмокок и рота вирус

  Еден од главните приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини, кои заштитуваат од пневмокок и од рота вирус, кои се причинители на тешки заболувања проследени со компликации кои најчесто се јавуваат кај малите деца до 5 годишна возраст, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната работилница...

За шест дена, 105 нови случаи на заразени со морбили

Во периодот од 17 до 23 мај, пријавени се вкупно 105 нови случаи на мали сипаници, а од нив, 81 отсто не се вакцинирани, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 46 случаи се од Скопје, а останатите 59 се од деве други градови – Кичево (17), Дебар (8), Тетово (8), Куманово (7),...

Хелсиншки: Oправдано е условувањето со потврда за примени вакцини за упис во прво одделение

Од уставните одредби, јасно и недвосмислено произлегува дека во случај на одбивање на вакцинацијата од страна на родителите, истите не само што го загрозуваат здравјето на сопствените деца, туку и здравјето на другите лица кои поради медицински контраиндикации не се вакцинирани и на тој начин им го ускратуваат правото на здрав живот. Ова е ставот на Хелсиншкиот комитет за...

И невакцинираните првачиња ќе одат на училиште?

Министерот за образование и наука Арбер Адеми смета дека една од опциите за изнаоѓање решение е невакцинираните деца да се запишат во училиште, а дури потоа да се вакцинираат. „Мета“ дознава дека тој и министерот за здравство Венко Филипче денеска на седница на Владата конечно ќе одлучат што ќе се прави со децата чии родители не ги вакцинираат, а мораат...

Грипот годинава е поагресивен и затоа предизвикува компликации и смрт

Епидемиолозите очекуваат да има сè потешки случаи на мутиран свински грип, кој предизвикува потешки компликации. Проф. д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вели дека оваа сезона се изразени чести промени и мутации на овој вирус. - Тие се многу чести кај вирусот на инфлуенца и затоа оваа година добивме поагресивен подтип на вирус, којшто предизвикува сериозни компликации,...

Епидемија на морбили ќе има до летото

Секој ден на Клиниката за инфективни болести се пријавуваат во просек од седум до 10 лица заболени од морбили, а тоа темпо укажува дека епидемијата ќе трае до летоска, проценуваат во Министерството за здравство. За да биде прогласен крај на епидемија, треба два пати по 12 дена да нема пријавено ниту еден заболен. На Клиниката вчера имало седум нови случаи, од...

Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња од морбили

Три бебиња загинаа од епидемијата на морбили, која во Македонија започна во декември 2018 година, зголемувајќи ги стравувањата дека таа е резултат на долгогодишната пропаганда против вакцинирањето промовирана од десничарските популисти, пишува „Глобал војсис“. Помеѓу три и десет лица дневно се дијагностицираат со морбили во Македонија и над 259 лица се евидентирани како заболени досега, објави Институтот за јавно здравје,...

За една недела, 30 отсто повеќе заболени – вкупнo 2.943 нови лица со грип

Во текот на седмата недела од 2019 година во Македонија пријавени се 2.943 случаи со симптоми на грип или заболувања слични на грип, што е зголемување за 31 отсто во споредба со минатата недела. Ова го покажуваат денешните последни информации на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). - Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 112 материјали за тестирање...

МЦМС: 86,3 проценти од граѓаните сметаат дека е важно родителите да ги вакцинираат децата

Актуелната состојба со епидемијата на морбили беше причина МЦМС да го провери јавното мислење за вакцинирањето. Според истражувањето, за големо мнозинство од граѓаните (89,7 проценти) целосно или донекаде се важни вообичаените вакцини кои се применуваат во земјава. Висок е и процентот (86,3 проценти) на оние кои сметаат дека целосно или донекаде е важно родителите да ги вакцинираат децата. Околу...

Нови мерки за борба со епидемијата на мали сипаници од Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство донесе нови дополнителни мерки за заштита и справување на населението од епидемијата на морбили. Истовремено се вели дека сите предходни мерки кои ги донесе Комисијата се уште се на сила, односно дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, а се апелира за интензивна и неодложна...

Обвинителство информира дека вакцините со погрешни декларации се уште не се уништени

Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени. „Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат...

Филипче повторно би ја вакцинирал внуката, антиваксерите и опозицијата пласирале лажна вест

За обвинувањата дека ја лаже јавноста со вакцинирањето на неговата внука, министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“ рече дека се „груба манипулација на опозицијата“. - Жал ми е што ДПМНЕ посегна по груба манипулација да ја смени вистината. Стануваше збор за потег со кој сакав да покажам дека тоа што го зборувам, го мислам....

Филипче: Ќе одговараат сите кои требало да забележат дека вакцините имаат погрешна декларација

Вакцините со погрешни декларации се тргнати на страна и ако нема ништо спорно од законски аспект, јас ќе инсистирам тие вакцини да се покажат во јавноста, рече министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“. Тој рече дека сериозно размислува да ја прекине соработката со „Македонија лек“, компанијата која го направи пропустот со погрепните...

Министерство за здравство: Децата со мали сипаници се во стабилна здравствена состојба

За едно деноноќие на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се два нови случаи со морбили (мали сипаници), информираа денеска на прес-конференција директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ и директорката на Клиниката за детски болести Катарина Ставриќ. Во моментов, на клиниката има вкупно 20 пациенти со потешка клиничка слика предизвикана од ова заболување. Засега, има само...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...