понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: вакцини | 448 резултати

Грипот годинава е поагресивен и затоа предизвикува компликации и смрт

27 март 2019

Епидемиолозите очекуваат да има сè потешки случаи на мутиран свински грип, кој предизвикува потешки компликации. Проф. д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вели дека оваа сезона се изразени чести промени и мутации на овој вирус. – Тие се многу чести кај вирусот на инфлуенца и затоа оваа година добивме поагресивен подтип на […]

Епидемија на морбили ќе има до летото

4 март 2019

Секој ден на Клиниката за инфективни болести се пријавуваат во просек од седум до 10 лица заболени од морбили, а тоа темпо укажува дека епидемијата ќе трае до летоска, проценуваат во Министерството за здравство. За да биде прогласен крај на епидемија, треба два пати по 12 дена да нема пријавено ниту еден заболен. На Клиниката […]

Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња од морбили

22 февруари 2019

Три бебиња загинаа од епидемијата на морбили, која во Македонија започна во декември 2018 година, зголемувајќи ги стравувањата дека таа е резултат на долгогодишната пропаганда против вакцинирањето промовирана од десничарските популисти, пишува „Глобал војсис“. Помеѓу три и десет лица дневно се дијагностицираат со морбили во Македонија и над 259 лица се евидентирани како заболени досега, […]

За една недела, 30 отсто повеќе заболени – вкупнo 2.943 нови лица со грип

21 февруари 2019

Во текот на седмата недела од 2019 година во Македонија пријавени се 2.943 случаи со симптоми на грип или заболувања слични на грип, што е зголемување за 31 отсто во споредба со минатата недела. Ова го покажуваат денешните последни информации на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати […]

МЦМС: 86,3 проценти од граѓаните сметаат дека е важно родителите да ги вакцинираат децата

18 февруари 2019

Актуелната состојба со епидемијата на морбили беше причина МЦМС да го провери јавното мислење за вакцинирањето. Според истражувањето, за големо мнозинство од граѓаните (89,7 проценти) целосно или донекаде се важни вообичаените вакцини кои се применуваат во земјава. Висок е и процентот (86,3 проценти) на оние кои сметаат дека целосно или донекаде е важно родителите да […]

Нови мерки за борба со епидемијата на мали сипаници од Комисијата за заразни болести

11 февруари 2019

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство донесе нови дополнителни мерки за заштита и справување на населението од епидемијата на морбили. Истовремено се вели дека сите предходни мерки кои ги донесе Комисијата се уште се на сила, односно дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, а се апелира […]

Обвинителство информира дека вакцините со погрешни декларации се уште не се уништени

1 февруари 2019

Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени. „Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална […]

Филипче повторно би ја вакцинирал внуката, антиваксерите и опозицијата пласирале лажна вест

29 јануари 2019

За обвинувањата дека ја лаже јавноста со вакцинирањето на неговата внука, министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“ рече дека се „груба манипулација на опозицијата“. – Жал ми е што ДПМНЕ посегна по груба манипулација да ја смени вистината. Стануваше збор за потег со кој сакав да покажам дека тоа […]

Филипче: Ќе одговараат сите кои требало да забележат дека вакцините имаат погрешна декларација

29 јануари 2019

Вакцините со погрешни декларации се тргнати на страна и ако нема ништо спорно од законски аспект, јас ќе инсистирам тие вакцини да се покажат во јавноста, рече министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“. Тој рече дека сериозно размислува да ја прекине соработката со „Македонија лек“, компанијата која […]

Министерство за здравство: Децата со мали сипаници се во стабилна здравствена состојба

25 јануари 2019

За едно деноноќие на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се два нови случаи со морбили (мали сипаници), информираа денеска на прес-конференција директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ и директорката на Клиниката за детски болести Катарина Ставриќ. Во моментов, на клиниката има вкупно 20 пациенти со потешка клиничка слика предизвикана од […]

Само пет отсто од училишните деца не се вакцинирани со МРП 

24 јануари 2019

Теренска вакцинација не се случи на првиот ден од второто полугодие, затоа што според податоците, само пет отсто од училиштните деца не се вакцинирани со МРП вакцина, што не е голем процент, велат за „Мета“ во Министерството за здравство. – Комисијата за заразни болести на последниот состанок одлучи да не се продолжи зимскиот распуст, затоа […]

Нема продолжен распуст поради морбилите – в понеделник сите на училиште

17 јануари 2019

Нема да се одложи почетокот на второто полугодие. Ваква одлука донела Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Ова се случува иако многу епидемиолози, неофицијално прогнозираа дека епидемијата на морбили ќе се прошири токму откако децата ќе почнат да одат на училиште. По завршувањето на состанокот на комисијата, д-р Жарко Караџовски кој е член […]

Пет заблуди за вакцинацијата (инфографик)

14 јануари 2019

Македонија како никогаш порано, не била со олку низок опфат со вакцинација и никогаш не била на олку ниско ниво на здравствена едукација. Тоа што и докторите не се добро едуцирани, не е новонастаната ситуација, тоа е процес кој довел до ерозија на позицијата на здравствениот работник и неговиот авторитет низ годините. Во однос на […]

На Инфективна од морбили се лечат 20 пациенти

14 јануари 2019

На Клиниката за инфективни болести во моментов од морбили се лечат вкупно 20 пациенти. Од пред два дена, примени се шест нови заразени пациенти, од кои пет се деца на возраст од девет месеци до две и пол години, како и една девојка на возраст од 24 години. На инфективната клиника има посебни оддели за […]

Седум нови сомнителни случаи на заразени од морбили

10 јануари 2019

Седум нови сомнителни случаи на заболени од морбили се пријавени денеска во Институтот за јавно здравје. Прим. д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот, нагласува дека ова не се регистрирани случаи, туку за нив допрва ќе следат лабораториски анализи и испитувања, а потоа ќе види дали ќе бидат потврдени случаи или не. – Сомнителните случаи се […]

Филипче: За пропустот со вакцините, може да го раскинеме договорот со „Македонија лек“

8 јануари 2019

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека кај само еден отсто од вкупниот број увезени МРП вакцини, имало проблем со декларациите, на кои бил впишан рок кој не соодветствува со реалниот рок, кој не е изминат. – Инспекции ќе има во здравствените домови кои извршиле прием на вакцините, но и во самата компанија, која […]

Казна до 4.000 евра за градинките ако инспекторите „фатат“ невакцинирано дете

8 јануари 2019

Државните здравствени и санитарни инспектори, од денеска продолжуваат со контроли по градинките, по времената мерка забрана за прием на невакцинирани деца со МРП вакцина, информира за „Мета“ директорката на инспекторатот, Ирина Бухова. – Нашите инспектори се на терен откако започна забраната. Од сите градинки кои досега се поминати на територија на Скопје, во ниту една […]

Против МРП вчера вакцинирани 23 деца, бројката стаса до 1.102

8 јануари 2019

Министерството за здравство информира дека вчера до 13 часот вакцинирани биле 23 деца со МРП (морбили, рубеола, паротитис – или ситна сипаница, крупна сипаница и заушки). Со тоа, до вчера вакцинирани биле вкупно 1.102 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници). Министерството за здравство апелираме до сите родители […]

По примањето МРП вакцина, детето може во градинка, но подобро 10 дена да остане дома

4 јануари 2019

Откако пред неколку дена стапи на сила времената забрана за примање деца во градинка кои не се вакцинирани од МРП вакцината (за морбили, рубела и паротитис), многумина родители на социјалните мрежи прашуваа дали веднаш по примањето на вакцината можат да ги испратат своите деца во градинка, или пак, треба да поминaт одреден период дома. Иако […]

До 15 часот вакцинирано е вкупно 371 дете на територија на Скопје

3 јануари 2019

Денеска до 15 часот вакцинирано е вкупно 371 дете на територија на Скопје со вакцината МРП (морбили, рубеола и паротитис), информираа Министерството за здравство. Оттаму велат и дека за две од шестмината новозаболени лица од морбили е добиена лабораториска потврда, а за две од нив резултатите се негативни. Кај еден случај на болно дете се […]

Страна 21 од 23