fbpx

МЦМС: 86,3 проценти од граѓаните сметаат дека е важно родителите да ги вакцинираат децата

-

Актуелната состојба со епидемијата на морбили беше причина МЦМС да го провери јавното мислење за вакцинирањето. Според истражувањето, за големо мнозинство од граѓаните (89,7 проценти) целосно или донекаде се важни вообичаените вакцини кои се применуваат во земјава. Висок е и процентот (86,3 проценти) на оние кои сметаат дека целосно или донекаде е важно родителите да ги вакцинираат децата. Околу 69 проценти од граѓаните се загрижени дека може да избие епидемија не само на сипаници туку и на други заразни болести.

Речиси две третини, 59,2 проценти од испитаните граѓани целосно или делумно се согласуваат со привремената мерка на Министерството за здравство, за забрана на прием на деца што немаат примено  МРП вакцина во градинките.

„Големо мнозинство од граѓаните (69,7 проценти) целосно или донекаде се загрижени за несаканите дејства од вакцините,  но 86,6 проценти рекле дека немаат искуство со некој што имал несакана реакција на вакцина. Такво искуство имале осум проценти од испитаниците. Прашани за тоа дали веруваат дека постои поврзаност помеѓу вакцините и аутизмот, 9,8 проценти целосно се согласуваат, а 16,7 проценти воопшто не се согласуваат. Мнозинство од граѓаните (54,1 проценти) сметаат дека безбедноста на детското вакцинирање бара понатамошна дебата иако 38,2 проценти сметаат дека науката која ја поддржува безбедноста на детското вакцинирање е неоспорна“, се вели во истражувањето.

Од друга страна, вкупно 56,9 проценти имаат целосна или делумна доверба во системот на државата за оценка на безбедноста на вакцините и препораките кои треба да бидат дадени. Речиси половина од граѓаните (47,2 проценти) веруваат дека имале придобивки од развојот на вакцините.

„Вкупно 71,9 проценти од испитаниците целосно или донекаде се согласуваат дека доколку некое дете не е вакцинирано, други деца се изложуваат на ризик од болест. Повеќе од половината од граѓаните (54,6 проценти) сметаат дека со одлуката на родителите да не ги вакцинираат децата, тие ги изложуваат на ризик и децата и целото општество, додека една третина (33,1 проценти) сметаат дека родителите треба да имаат право да одлучат дали нивните деца ќе се вакцинираат или не. Многу сличен е и процентот (33,6 проценти) на оние за кои вакцинирањето е прашање на личен избор, за разлика од мнозинството (61,5 проценти) за кои вакцинирањето е прашање на јавното здравство“, се додава во истражувањето.

На прашањето. дали разногласието во врска со вакцинирањето се должи на (не)информираноста, вкупно 51,6 проценти рекле дека јавноста не добива доволно информации од докторите за вакцинацијата.

За МЦМС, анкетата ја спроведе „М-Проспект“. Податоците за последната анкета беа прибирани со теренска анкета во периодот од 15 до 30 јануари 2019 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1001 испитаник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...