fbpx

За шест дена, 105 нови случаи на заразени со морбили

-

Во периодот од 17 до 23 мај, пријавени се вкупно 105 нови случаи на мали сипаници, а од нив, 81 отсто не се вакцинирани, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 46 случаи се од Скопје, а останатите 59 се од деве други градови – Кичево (17), Дебар (8), Тетово (8), Куманово (7), Штип (7), Струга (6), Велес (4), Охрид (1) и Неготино (1).

Во текот на изминатава недела најголем број на случаи (56) се на возраст над 30 години. Според вакциналниот статус, 81 отсто од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Вкупно, од почетокот на епидемијата во декември 2018 заклучно со 23.05.2019, во земјава регистрирани се 1.625 случаи на мали сипаници. Во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија.

Од почетокот на епидемијата, во Скопје се вакцинирани 14.541 дете, додека во останатиот дел од државата се вакцинирани 12.707 деца на возраст до 14 години кои подлежат на вакцинација. Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 27.248.

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 2.439 лица, од нив повеќе од 60 отсто се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
udemy paid course free download
download huawei firmware
Premium WordPress Themes Download
udemy free download