недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: морбили | 53 резултати

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

март 19, 2024

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше епидемија со морбили. Вистиномер во архивата на граѓанскиот суд од 2019 година, пронајде неколку судски пресуди во кои родители на невакцинирани деца ги тужат градинките зашто […]

Растат случаите на морбили во Европа, бидејќи децата помалку се вакцинираат

јануари 24, 2024

Во 2023 година биле забележани 42.200 случаи на морбили во Европа, што е речиси 45 пати повеќе од вкупно 941 случаи во 2022 година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, порастот е „застрашувачки“ и потребни се итни мерки, пренесува Би-би-си. СЗО соопшти оти смета дека бројот на нови случаи на морбили е последица на […]

По случајот со морбили кај бебе, ќе се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески

април 4, 2023

Откако беше регистриран случај на морбили кај 13 месечно бебе од Свети Николе, Комисијата за заразни болести донесе препораки кои се однесуваат на прилагодување на системот во однос на следењето и менаџирањето на случаите со морбили. Како што информира денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на комисијата, ќе се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески, […]

Морбилите се многу сериозна болест, а вакцините спасуваат животи

јануари 6, 2023

Наспроти тврдењето во постот дека морбилите (малите сипаници) не се болест, станува збор за многу заразна болест предизвикана од вирус. Според ИЈЗ оваа болест останува една од водечките причини за смрт кај малите деца на глобално ниво, и покрај достапноста на безбедна и ефикасна вакцина. Во врска со тврдењето дека оваа вакцина била  воведена кога […]

Не е точно дека МРП вакцината е небезбедна и дека предизвикува смрт

септември 12, 2022

МРП вакцината може да има одредени несакани ефекти, но тие се далеку од животозагрижувачки, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Несаканите ефекти кои може да ги предизвикува оваа вакцина се опишани на официјалната веб страница на Националниот фармакоинформативен центар (НФИЦ). Тие се болка на местото на инјектирање, треска, благ осип и повремена […]

Лани МРП вакцина примиле безмалку 50.000 лица

април 22, 2020

Вкупно 49.332 лица се вакцинирани во периодот додека лани траеше епидемијата на мали сипаници во земјава, информираат во Министерството за здравство, по повод Европската недела на имунизација. „Вакцинацијата е признаена како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот. Вакцинацијата спасува милиони луѓе од болести, инвалидитети и смрт секоја година. Достапни се ефективни и безбедни […]

Уште едно невакцинирано дете заболе од морбили, епидемијата сѐ уште е на сила

ноември 5, 2019

Изминатата недела регистриран е уште еден нов случај на мали сипаници, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Стамува збор за детенце од Скопје, од возрасната група од една до четири години. Епидемијата на територијата на државата сѐ уште трае, а ќе се прекине ако има два последователни термини од вкупно 42 дена кога нема […]

Антиваксерите од Балканот се повикуваат на поддршката од Руската Православна Црква

октомври 23, 2019

Пропагандата против вакцинирањето наменета за корисници  на интернет од Балканот меѓу другото функционира и преку злоупотреба на религиозните чувства, пишува „КриТинк“ во анализата „Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?“. Патријархална комисија за семејството, која е директно одговорна пред пред г.г. Кирил, поглаварот на Руската православна црква (РПЦ) во април 2019 […]

Нов пациент заболен од морбили го пролонгира крајот на епидемијата

октомври 15, 2019

Во периодот од 5 до 9 октомври, пријавен е нов сомнителен случај на мали сипаници. Пациентот за време на инкубација престојувал во странство и припаѓа на возрасната група од 20 – 29 години. Лабораториските испитувања се во тек, информираа во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од денот на појавата на нов случај, почнуваат да се […]

Mорбили нема 19 дена, но треба да поминат вкупно 42 за да се прогласи крај на епидемијата

октомври 2, 2019

За да можат здравствените власти да ја „одјават“ епидемијата со морбили, потребно е да поминат 42 дена од последниот пријавен случај. Тој период сè уште не е поминат, бидејќи последниот пријавен случај беше на 13 септември, вели за „Мета.мк“ д-р Владимир Микиќ, претседателот на Комисијата за заразни болести. – Прогласувањето на крај на епидемијата нема […]

Непрофесионалното известување ја јакне антиваксерската пропаганда

септември 27, 2019

Низа медиуми од Северна Македонија недоволно професионално известуваа за конференцијата на противниците на вакцинирањето одржана во Скопје на 21 септември, пишува „КриТинк.мк“ во  анализата „Антиваксерите одново во офанзива – медиумите со селектирани информации“. Анализата посочува дека голем број медиуми го пренеле само соопштението од организаторите на настанот, кое содржи низа дезинформации поврзани со вакцинирањето без […]

Oпфатот на вакцинација со МРП е 99 отсто, исполнета препораката на СЗО

август 24, 2019

Вкупниот број на вакцинирани деца со МРП вакцина (морбили, паротитис и рубеола), од почетокот на епидемијата во јануари, досега изнесува 35.870. На ниво на град Скопје, има само околу 300 деца кои не се вакцинирани, но сепак бројките покажуваат дека проблемот со невакцинирањето главно е решен, вели за „Мета.мк“ Владимир Микиќ од Институтот за јавно […]

Филипче: Требаше да ни се случи епидемија, за да се освестиме (инфографик)

јуни 26, 2019

Точно половина година трае епидемијата на мали сипаници. Болеста се појави во декември во градинка во Радишани, по што беше прогласена епидемија на локално ниво, а кога доби поголеми размери, беше прогласена и во Скопје, а подоцна и на територија на целата држава. Кога во почетокот беше констатирано дека илјадници деца до 14 годишна возраст […]

Заразата со морбили се шири во Штип

мај 27, 2019

Возрасни пациенти во старосната група меѓу 20 и 45 години се евидентирани како новозаболени од морбили во Штип. Само во текот на изминатото деноноќие на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип е хоспитализирано едно лице со потешки симптоми на морбили, а двајца други се прегледани амбулантски и пуштени на домашно лекување. Во моментов на […]

За шест дена, 105 нови случаи на заразени со морбили

мај 23, 2019

Во периодот од 17 до 23 мај, пријавени се вкупно 105 нови случаи на мали сипаници, а од нив, 81 отсто не се вакцинирани, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 46 случаи се од Скопје, а останатите 59 се од деве други градови – Кичево (17), Дебар […]

На Детска клиника починало бебе од компликации од морбили

мај 3, 2019

На Детската клиника вчера, по повеќе од две недели лекување на Интензивна нега, починало десет и пол месечно бебе, кои имало тешки компликации од морбили, соопштија од Институтот за јавно здравје. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани […]

Грипот годинава е поагресивен и затоа предизвикува компликации и смрт

март 27, 2019

Епидемиолозите очекуваат да има сè потешки случаи на мутиран свински грип, кој предизвикува потешки компликации. Проф. д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вели дека оваа сезона се изразени чести промени и мутации на овој вирус. – Тие се многу чести кај вирусот на инфлуенца и затоа оваа година добивме поагресивен подтип на […]

Не се стишува епидемијата со морбили, за една недела 63 нови случаи 

март 18, 2019

Во период од една недела, пријавени се вкупно 63 случаи на мали сипаници кои биле лабораториски потврдени. Од вкупниот број на новозаболени лица, 29 случаи се од Скопје, а речиси 80 отсто од нив се невакцинирани. Освен од Скопје, пациентите се од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Гевгелија, Виница и Кратово. – Од почетокот на епидемијата […]

Тројца нови заболени од морбили, до сега вкупно 493

март 11, 2019

Согласно најновите податоци од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, во текот на вчерашниот ден биле прегледани тројца пациенти со симптоми на морбили, од кои двајца возрасни пациенти биле пуштени на домашно лекување, а една 29 годишна пациентка со непознат вакцинален статус била хоспитализирана на клиниката информираат од Министерството за здравство. „На Инфективната клиника […]

Епидемија на морбили ќе има до летото

март 4, 2019

Секој ден на Клиниката за инфективни болести се пријавуваат во просек од седум до 10 лица заболени од морбили, а тоа темпо укажува дека епидемијата ќе трае до летоска, проценуваат во Министерството за здравство. За да биде прогласен крај на епидемија, треба два пати по 12 дена да нема пријавено ниту еден заболен. На Клиниката […]

Страна 1 од 3