Започна корнењето на палмите во Охрид по препорака на УНЕСКО (галерија)

-

Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО, а кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно зачувување на автентичноста и интегритетот, на архитектонската и урбанистичката кохерентност на Охрид. Притоа од УНЕСКО препорачуваат да се избегнува користење на форми и материајли кои не се карактеристични за подрачјето и флората, како што беа палмите засадени пред неколку години, но и да се избегне користење на големи комерцијални билборди со кои се нарушваат визурите на градот.

Во Охрид, во рамки на кампањата на Владата на Никола Груевски за садење палми, преку ЈП „Македонски шуми“ пред неколку години беа засадени над 200 палми во градот на источното крајбрежје на езерото, од кои што поголемиот дел се исушија и покрај тоа што беа покривани со специјални заштитни платна.

Денеска почна нивното корнење.

Ако се знае дека за сите 1.100 набавени палми во Македонија, Владата вложила околу 522.000 евра, тогаш една палма чини просечно околу 500 евра.

Инаку подготвителната информативна сесија за Нацрт- извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион закажана за 27 јуни 2019 година во Охрид се одложува- соопштија денеска од Министерството за животна средина.

Без разлика што оваа средба значи рано вклучување на јавноста во изработка на документот увидена е потребата од дополнување на Нацрт-планот.

Подготвителната информативна сесија се организира во согласност со препораките на Архускиот жалбен комитет и член 6 од Архуската конвенција за рано вклучување на засегнатата јавност во процесот на донесување на одлуката за Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и има за цел запознавање на засегнатата јавност со процесот, податоците со кои се работи и документите кои се користат или секциите кои се подготвени, а за кои е потребно рано информирање

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката...