недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: палми | 19 резултати

СДСМ: Ќе има одговорност за палмите од 500.000 евра што завршија на депонија

25 април 2017

Ќе има ревизија и одговорност за набавките на скапите палми од 500.000 евра што завршија во депонија, порачаа денеска од СДСМ. „Исушените палми од 500.000 евра што се најдоа на депонија, се класичен доказ дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во сè, па и во палмите, гледаат тендери за лично збогатување, и тоа во услови кога ја предизвикаа […]

Ангелески: Kлиматските услови се причина за сушењето на голем број палми

2 април 2017

Од вкупно 500 палми набавени од Кина, Охрид го доби најголемиот контингент, околу 200. Тие беа засадени по градскиот кеј, преку Студенчишки канал, покрај ново изграденото шеталиште, сè до комплексот „Инекс Горица“. Колку од нив преживеаја по две зимски сезони, ќе пребројува специјален тим од инженери од ЈП „Паркови и зеленило“ од Скопје. Со палми беше […]

Запалена уште една палма во Охрид

21 декември 2016

Доцна синоќа е запалена уште една од палмите засадени во Охрид. Ова е трет случај, при што синоќа гореше палма во центарот на градот, односно на езерскиот кеј Македонија. Четириметарското дрво го запалил непознат сторител, а е изгаснато со интервенција на противпожарната екипа. ЈП „Македонски шуми“, пред две години, од Кина набави околу 500 влакнести […]

СДСМ прашува како е можно „Македонски шуми“ да нема пари за данок, а да има за палми

13 јануари 2016

Управата за јавни приходи призна дека Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ѝ должи на државата 3,5 милиони евра за неплатени даноци, реагираат од опозицискиот СДСМ. Од партијата преку соопштение велат дека „Македонски шуми“ нема пари за даноци, но има за да ги задоволи егзотичните идеи на Никола Груевски. „Македонски шуми“ набави 1.100 палми во вредност поголема од половина […]

Влакнестите палми во Охрид добија зимски заштитни костуми

29 декември 2015

Влакнестите кинески палми во Охрид, денеска добија зимски заштититни костуми. Работниците на „Охридски комуналец“ ги заштитија палмите пред најавеното заладување во наредниве денови. Заштитени се вкупно 200 влакнести палми, колку што Охрид доби од контингентот од 1.100 палми, што Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги увезе од Кина. Во Охрид палмите се засадени по должината на шеталиштето на […]

Герила-акција во Прилеп: Со парите од палмите можеше да се реновира болницата

25 ноември 2015

Граѓани и активисти од Прилеп, Скопје, Велес, Ресен и од Гевгелија спроведоа улична акција против непотребните трошења на власта. Со пораките што активистите ги закачуваа на палмите, упатија порака до власта дека парите од граѓаните треба да се трошат за потребите на граѓаните. „Во време кога луѓето страдаат, купувањето палми е луксуз и глупост“, велат граѓаните. Активистите […]

Запалени уште две палми во Прилеп

20 јули 2015

Во екот на полноќните забави на камената бина во Прилеп, во рамките на годинешниот „Пиво-фест“, ноќеска, околу 3 часот по полноќ, беа запалени нови две палми, засадени во паркот пред општинската зграда. Ова е втор случај во кој се запалени дел од новозасадните палми во Прилеп. Завчера, додека траеше настапот на хрватската музичка група „Прљаво […]

Палмите во Прилеп не се донација од Македонски шуми

10 јули 2015

Јавното претпријатие Македонски шуми негира дека е донатор на неодамна засадените во паркот пред Општинската зграда во центарот на Прилеп. Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, испративме барање за информации до Општина Прилеп со кое побаравме да ни го достават заклучокот за објавување на одлуката за прифаќање на донацијата од Македонски […]

Донацијата на палмите е незаконска, тврди прилепски адвокат

30 јуни 2015

Прилепчани сè уште се интересираат за неодамна засадените палми во центарот на градот, кои, како што најавија своевремено надлежните, биле проект на ЈП „Македонски шуми“. Тие пристигнаа како донација за градот Прилеп и сега се веќе дел од хортикултурното уредување од паркот пред општинската зграда. По овој потфат на ЈП „Македонски шуми“ и на локалната […]

Откорната и уништена една од влакнестите палми во Охрид

21 јуни 2015

Неодговорен поединец или група, деновиве откорнале една од влакнети палми што беа засадени пред неполн месец во Охрид. Како што информираа од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, палмата е пронајдена фрлена во близина на скејт-паркот, покрај пешачката патека што води кон кафулето „Куба либре“ и кон хотелската зона „Горица“. Во Охрид беа засадени 200 влакнести палми, набавени од […]

Фирмата од Желино што ги набави палмите, работела во Гостивар, Брвеница и во Аеродром

26 мај 2015

Фирмата „Россен центар“ од  село Стримница, Желино, преку која јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги набави палмите што нè чинат 500 евра од садница, имала уште неколку набавки. На страницата на Биро за јавни набавки можат да се најдат пет тендери што ги добила оваа компанија. Работела со општините Гостивар, Брвеница и Аеродром. За хортикултурно уредување во Гостивар, […]

По 500 евра нè чини секоја засадена палма

24 мај 2015

Околу 500 евра по стебло платило претпријатието „Македонски шуми“ за палмите што деновиве се засадуваат низ градовите во Македонија, или вкупно околу 522.000 евра за 1.100 садници. Палми од видот trachycarpus fortunei, односно влакнеста палма, чие стебло расте повеќе од четири метри, се засадени во Охрид, Прилеп, Дојран, и во Вевчани, а планирано е да се посадат и во други градови […]

„Изникна” и првата палма во Вевчани

24 мај 2015

Реакциите на граѓаните не стивнуваат, но се засилуваат и напорите на надлежните од првиот македонски туристички центар Охрид, да направат „град на палмите“. Иако реакциите се главно негативни, по должината на градскиот кеј, бројните засади од палми на просторот му дадоа нов лик. Официјално, со осуда на акцијата, реагираше локалниот разгранок на ВМРО-НП во Охрид. […]

И пред Општина Прилеп засадени палми

22 мај 2015

Освен во Охрид, попладнево беа засадени пет од вкупно 10 палми, во паркот на Методија Андонов – Ченто, во Прилеп, покрај општинската зграда на Општина Прилеп. Поголем број граѓани на Прилеп љубопитно застануваа пред зградата на Општина Прилеп изненадени од глетката, меѓусебно коментирајќи го новитетот. – Не можам да се изначудам што гледам. Не знам […]

Медитерански палми ќе се садат во Охрид

22 мај 2015

По должината на шеталиштето на градскиот кеј, но и пред Центарот за обука на вода, денеска вработени во ЈП „Охридски комуналец“, заедно со екипа вработени од „Македонски шуми“, почнаа со засадувањето на вкупно 200 влакнести палми, високи од три до четири метри. Со ова продолжила реализацијата на проектот на ЈП „Македонски шуми“ за градење на имиџот на Охрид, […]

Страна 1 од 1