понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: УНЕСКО | 151 резултати

Охрид СОС предупредува: Се гради хотел во Горица спротивно на препораките на УНЕСКО

31 март 2025

Властите дозволуваат изградба на хотел на ридот Горица во Охрид, иако тоа е спротивно на Конвенцијата за светско наследство, алармира иницијативата „Охрид СОС“. Од таму посочуваат на извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО, според кој, градилиштето е наводно отворено без претходно известување до Центарот за светско наследство, како што налагаат правилата. „Комитетот за […]

Венеција од денеска забрани големи туристички групи поради прекумерен туризам

1 јуни 2024

Венеција денеска воведе забрана за гласни звучници и ја ограничи големината на туристичките групи на 25 луѓе во обид да го ограничи влијанието на прекумерниот туризам врз италијанскиот град, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-си. Претходно оваа година, Венеција воведе влезна такса од пет евра дневно, а во 2021 година го забрани приклучувањето на големите бродови […]

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

3 мај 2024

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се одржа вчера, на Светската конференција за слобода на печатот во Сантијаго, Чиле. „Во овие времиња на темнина и безнадежност, сакаме да споделиме силна порака за […]

УНЕСКО бара, државата не испорачува, граѓанските организации разочарани од третманот на Охрид

1 март 2024

Ревидираниот Стратегиски план за рехабилитација на Охридскиот регион и понатаму е список на желби на домашните институции, кои не предвиделе ниту временска рамка за имплементација на проектите, буџет и приоритети за секоја активност како што тоа им го бара УНЕСКО. Граѓанската организација „Фронт 21/42“ реагира на Извештајот за состојбата на Светското природно и културно наследство […]

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

20 февруари 2024

Владата на денешната седница го утврди Предлогот на закон за измени и дополнувања на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Од Министерството за култура известуваат дека со предлогот ќе се заостри режимот на заштита на споменичката целина на Старото градско јадро согласно препораките и Одлуките на […]

Костадиновска – Стојчевска: Сo софтвер ќе „ловат“ дивоградби на охридското крајбрежје

15 јануари 2024

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија и Националниот парк „Галичица“ преку посебен софтвер направиле скенирање на охридското крајбрежје по што ќе се утврдуваат дивоградбите, информира министерката за култура и претседател на Националната комисија Бисера Костадиновска – Стојчевска. Таа кажа дека до Националната комисија за УНЕСКО имало доставено неколку предмети, но и покрај притисоците […]

Костадиновска-Стојчевска и Ковачевски на средба во УНЕСКО, се споменал и Охрид

9 ноември 2023

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска присуствува на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, каде што пред отворањето, заедно со премиерот Димитар Ковачевски беа пречекани од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата, извести македонското Министерство за култура, беше истакнато задоволството од досегашните резултати од интензивната соработка на Северна Македонија со […]

Усвоени итни владини мерки за рехабилитација на природното и културно наследство на Охридскиот регион

26 септември 2023

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Владините заклучоци се донесени по посочувањето од предлагачот, Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. […]

Костадиновска-Стојчевска: За да се зачува статусот на Охридскиот регион, двете земји треба заеднички да работат

17 септември 2023

За да се зачува престижниот статус, двете пријателски земји треба заеднички да се фокусираат во реализирање на препораките и обврските, бидејќи подеднакво ја споделуваат и одговорноста за Охридското Езеро. Ова го истакнала министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на нејзината посета во Ријад, на вчерашната средба со Шефот на Одделот за Европа и Северна […]

Охридскиот регион останува на листата на светски наследства на УНЕСКО

15 септември 2023

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО и на 45-тата сесија што ја одржа во саудискиот главен град Ријад одлучи Охридскиот регион да остане на листата на светски наследства на УНЕСКО. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која присуствува во Ријад, изјави дека останува престижниот статус, но остануваат и препораките за негово зачувување. „Препораките не се лесни […]

УНЕСКО: Венеција да се додаде на листата на загрозени места на светско наследство

1 август 2023

Венеција треба да биде додадена на листата на загрозени места на светско наследство, соопшти Агенцијата за образование, наука култура на Обединетите нации УНЕСКО, пренесе Би-би-си. Овој италијански град е изложен на ризик од „неповратни“ штети предизвикани од  туризмот, прекумерниот развој и зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени, се вели во извештајот на УНЕСКО. […]

Обединетите Нации бараат да се ограничи употребата на технологијата во училиштата

26 јули 2023

Во новиот извештај на Обединетите Нации, се препорачува да се забранат паметните телефони во училиштата, за да се подобри учењето и да се заштитат децата од сајбер малтретирање, пренесува Гардиен. УНЕСКО, агенцијата за образование, наука и култура на ОН, тврди дека прекумереното користење телефони е поврзано со намален образовен успех и негативно влијае на менталното […]

Што се случува со светското наследство во Охрид ќе проверуваат експерти на Бернска и Рамсарска конвенција и на УНЕСКО

25 април 2023

Претставници на Бернската конвенција заедно со експерти од Рамсарска конвенција и УНЕСКО во следните два дена ќе престојуваат во Охрид каде ќе посетат повеќе локации за да констатираат што се случува со светското културно и природно наследство на УНЕСКО и опасностите кои го демнат од неконтролираната урбанизација, легализацијата на дивоградби и планирањето нови инфраструктурни зафати. […]

Охрид е на патот да постане загрозено наследство, а политичарите си дискутираат

29 март 2023

Петмина експерти на УНЕСКО, Бернската и Рамсарската Конвенција, на крајот на април ќе дојдат во посета на Охридскиот Регион и ќе ги посетат сите „жешки точки“ на неконтролирана урбанизација и легализирани дивоградби кои го доведуваат во прашање статусот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО. Но, не само со урбанистичкото дивеење, Охрид долго време […]

УНЕСКО: Во 2022 година се убиени 86 новинари и медиумски работници во светот

17 јануари 2023

Бројот на убиени новинари и медиумски работници е зголемен за 50 отсто во текот на 2022 година, објави УНЕСКО. Дури 86 новинари и медиумски работници биле убиени лани, при што најопасни делови од светот, според бројот на убиства, биле Латинска Америка и Карибите. Организацијата за наука образование и култура на ОН, УНЕСКО има мандат да […]

Објавен е конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“

9 јануари 2023

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) во соработка со УНЕСКО го објави конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор. Конкурсот е отворен до 21 февруари, додека поетот-лауреат ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март. Услови за учество на конкурсот за наградата се дебитантски […]

Во С. Македонија нема сексуално образование за деца од 0 до 4 години

17 декември 2022

Кај нас не постои сеопфатно сексуално образование од 0-4 години и оттука било какво тврдење поврзано со работата на нашата организација во овој контекст е беспредметно и неиздржано. Се работи за класична манипулација и извртување на фактите. Исто така, во нашата земја не постои ниту неформална програма за сексуално образование за деца на оваа возраст […]

Францускиот багет доби статус на културно наследство на УНЕСКО

1 декември 2022

Долгиот леб со крцкава кора наречен багет, кој е вкусен основен дел од храната во Франција, вчера доби посебен заштитен статус и се приклучи на другите кулинарски специјалитети во светот, како неаполската пица, корејската туршија „кимчи“, белгиската култура на пиење пиво, медитеранската исхрана и арапското кафе, пренесе Си-ен-ен. УНЕСКО, објави дека „занаетчиската умешност и културата […]

Меѓународни експерти напролет доаѓаат во Охрид да ја скенираат состојбата со заштитата на културното и природното богатство

28 ноември 2022

Состојбите со природното и културното богатство на Охридскиот Регион ќе се истражуваат на почетокот на идната година. Земјава, по девет месеци задоцнување, одговорила на барањето на Бернската Конвенција меѓународни експерти да го посетат градот на УНЕСКО, заштитен како Светско културно и природно наследство, и на терен да ја констатираат состојбата. Постојниот Комитет на Бернската Конвенција […]

Владата ги игнорира меѓународните експерти загрижени за состојбата со Охрид и Охридското Езеро

14 октомври 2022

Бернската Конвенција по вторпат годинава ја опомена Владата дека не им испратила одговор кога ќе можат да ја реализираат посетата на Охрид и да утврдат во каква состојба се наоѓа градот заштитен од УНЕСКО како Светско културно и природно наследство. Земјава веќе еднаш доби ваква опомена во мај годинава, откако го пропушти рокот за одговор […]

Страна 1 од 8