Венеција од денеска забрани големи туристички групи поради прекумерен туризам

Ефектите од климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени врз градот

-

Венеција денеска воведе забрана за гласни звучници и ја ограничи големината на туристичките групи на 25 луѓе во обид да го ограничи влијанието на прекумерниот туризам врз италијанскиот град, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-си.

Претходно оваа година, Венеција воведе влезна такса од пет евра дневно, а во 2021 година го забрани приклучувањето на големите бродови за крстарење во пристаништето во градот.

Промените на правилата за туризам доаѓаат откако експертите на УНЕСКО минатата година предупредија дека Венеција може да биде додадена на листата на загрозени светско наследство, бидејќи ефектите од климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени врз градот.

Прекумерниот туризам се смета за еден од најголемите проблеми за Венеција, која има население од околу 250.000 луѓе, но забележа повеќе од 13 милиони посетители во 2019 година, со што доживеа егзодус на локалното население. Оцио, здружение на граѓани што го следи домувањето во градот, во неодамнешниот извештај констатира дека историската област има околу 49.000 легла што можат да ги изнајмат туристите, што е повеќе од бројот на располагање на локалните жители.

УНЕСКО сепак не ја додаде Венеција на листата на загрозени места на светско наследство, откако ги препозна обидите да се решат проблемите на островот преку системи против поплави и мерки за намалување на влијанието на масовниот туризам.

Семејствата на жртвите во Кочани утре на протестен марш во Скопје

Семејствата на настраданите во пожарот на импровизираната дискотека „Пулс“, утре (вторник) организираат протестен марш под името „Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12:05 часот. Времето симболизира задоцнета одговорност и...

Дезинформаторски телеграм-канал на македонски – дел од руската мрежа „Правда“

Дезинформаторскиот телеграм-канал Нов постзападен мултиполарен свет, не е новост и сам по себе не е влијателен, но загрижува тоа што од неодамна е врбуван како извор за новости за македонската филијала...

Од Северна Кореја потврдија дека испратиле војници да се борат за Русија во војната во Украина

Северна Кореја за првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Во извештај на државната новинска агенција КЦНА, севернокорејската војска тврди дека нејзините војници им помогнале на...

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во Владимир Путин,...

Семејствата на жртвите во Кочани утре на протестен марш во Скопје

Семејствата на настраданите во пожарот на импровизираната дискотека „Пулс“, утре (вторник) организираат протестен марш под името „Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12:05 часот. Времето симболизира задоцнета...