fbpx
Таг: УНЕСКО

таг: УНЕСКО

Од Охрид СОС велат дека враќање на концесиите на плажите по старо не може да има

По вчерашната најава на новиот охридски градоначалник Кирил Пецаков дека ќе ги враќа концесиите на плажите долж Охридското езеро, денеска со реакција се јавија од граѓанската иницијатива Охрид СОС. Тие изјавата на Пецаков ја оценуваат како крајно неумесна и недолична за лице на таква одговорна функција. „Во неговата изјава гледаме еден крајно штетен однос кон Регионот исклучиво во служба на...

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство

Нашата држава доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово, информираат од Министерство за животна средина и просторно планирање. „Имено, локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од човекот во последните 100 години...

Екологистите бараат Владата да прогласи мораториум за урбани и крајбрежни активности во Охрид

Еколошките активисти се загрижени за иднината на нашето единствено светско природно и културно наследство, по усвојувањето на одлуката на Комитетот за светско наследство да не го впише Охридскиот регион во листата на светски наследства во опасност. Од граѓанската организација „Фронт 21/42“ побараа Владата да донесе итна одлука за прогласување на вистински мораториум на секаква урбана и крајбрежна трансформација на територијата...

УНЕСКО не го прогласи Охридскиот Регион за загрозено подрачје

Комисијата за светско наследство на УНЕСКО, денеска, на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ е незадоволна од ваквата одлука. Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки план...

Македонски и албански еколошки организации бараат Охрид да се прогласи за светско наследство во опасност

Македонски и албански еколошки организации апелираа до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Охрид да се стави на листата на светски наследства во опасност. Екологистите од двете држави кои го делат Охридското езеро, но и грижата за природното и културното богатство, сметаат дека уништувањето на вредностите продолжува и по препораките и предупредувањата на Комитетот за итно спроведување на мерките...

УНЕСКО предложи Охридскиот регион да се стави на листата на светско наследство во опасност

УНЕСКО, Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации донесе предлог-одлука Охридскиот регион да се стави на Листата на светско наследство во опасност. Предлог-одлуката треба да се разгледува од Комитетот за светско наследство на 44. Сесија на УНЕСКО во Кина, од 16 до 31 јули годинава. „Комитетот е длабоко загрижен за заклучоците на мисијата од 2020 година, според кои,...

Фронт 21/42: Остранувањето на платформите во Охрид и Струга не го решава проблемот со дивоградбите

Отстранување на дел од привремените конструкции и опрема од плажите во Охрид и во Струга, не е спроведување на препораката за справување со дивоградбите, сметаат од граѓанската организација Фронт 21/42. Во јули 2017 година УНЕСКО побара да се стопира легализацијата во рамки на светското наследство и итно да се изработи Инвентар на сите дивоградби. Врз основа на Инвентарот требаше...

Порталб: Неуспехот да се заштити Охридското Езеро во Албанија и Македонија го загрозува статусот во УНЕСКО

Иако е под заштита на УНЕСКО, Охридското Езеро, кое е распространето во Северна Македонија и Албанија, се соочува со низа проблеми. Како резултат, Охридското Езеро е во опасност да биде отстрането од списокот на УНЕСКО. Проблемите што ја загрозуваат биолошката разновидност на најстарото езеро во Европа се од различна природа, почнувајќи од дивоградби, загадување на езерото, испуштање на отпадни...

Во очекување на Конечниот извештај на УНЕСКО за Охридскиот регион, во Охрид се уредува крајбрежјето

Во пресрет на Конечниот извештај на УНЕСКО за Охридскиот регион што треба да биде објавен на 4 јуни, охридскиот градоначалник Константин Георгиески денеска на прес-конференција објаснуваше што се презема за отстранување на бесправно изградените објекти и за уредување на крајбрежјето на Охридското езеро. Иако досегашните најави се дека претстојниот извештај на УНЕСКО ќе содржи сериозни критики и ќе влијае на...

Во седиштето на УНЕСКО се чествуваше 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

Високи дипломатски претставници во УНЕСКО од Албанија, Франција, Чешка, Словенија, Србија, Тунис и Шведска денеска прочитаа дел од поезијата на Блаже Конески на настанот организиран во седиштето на УНЕСКО во Париз по повод 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески и Светскиот ден на поезијата - 21 Март. Поезија од Конески на македонски читаше Ѓоко Здравески,...

Викендов срушени поранешната дискотека и ресторанот „Парк“ во Охрид

Викендов со помош на тешка механизација беа срушени некогашната дискотека и ресторанот „Парк“, кои беа дел од комплексот кој повеќе не постои на просторот на Горица Еден. Ресторанот „Парк“ беше објект изграден според наградуваниот проект на познатиот охридски архитект Павел Балабан. Иако претставниците на граѓанското здружение „Охрид СОС“ поднесоа иницијатива до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и...

Не секоја дивоградба ќе може да се легализира, особено во старите заштитени зони на градовите, вели Бочварски

Министерството за транспорт и врски се понуди да го изработи урбанистичкиот план за целото крајбрежје на Охридскиот регион, како и да ги усогласи ДУП-овите на општините со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион што е предвиден од УНЕСКО. За ова на денешната прес-конференција информираше министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. Во однос на новите...

Нов хотел ќе се изгради на местото на ресторанот „Парк“ во Охрид

На просторот од 4.525 метри квадратни на ресторанот „Парк“ во Охрид, градежната фирма „Ремис“ како инвеститор, ќе гради нов хотел. Издадено е одобрение за градба за хотелски комплекс, приземје, три ката и поткровје во јуни 2018 година, при што се запазени сите тогашни важечки законски процедури и постапки. Одобрението е правосилно и согласно тоа одобрение, таму може да се...

Годинава физибилити студија за автопатот Требениште-Струга-Ќафасан, забелешките на УНЕСКО ќе се разгледаат

Јавното претпријатие за државни патишта годинава планира да ангажира проектант за изработка на физибилити студија врз основа на идеен проект за идниот автопат Требениште-Струга-Ќафасан на патниот Коридор 8. Документацијата ќе се изготви во согласност со ФИДИК правилата за подготовка на тендерска документација за градење на вакви инфраструктурни проекти, велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Од ова јавно претпријатие...

Алијанса „Разбистри сѐ“ бара учество во изработката на Извештајот за Охридскиот регион што ќе се праќа до УНЕСКО

Триесет и една граѓанскa организациja и високообразовни институции од Алијансата „Разбистри сѐ“ бараат вклучување на јавноста во изработката на Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион, кој Владата треба да го достави до УНЕСКО. Од Алијансата „Разбистри сѐ“ сметаат дека вклучувањето на јавноста во информирањето на Центарот за светско наследство при УНЕСКО е особено...

УНЕСКО: Пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија да се градат по една траса

Државните претпријатија во земјава меѓусебно да се координираат за важните инфраструктурни проекти што минуваат низ заштитеното подрачје во Охридско-струшкиот регион и да се истражи опцијата преку една траса (коридор) да минуваат пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија, бара УНЕСКО во изработениот Нацрт-извештај, во кој се наведува дека за Охрид и Охридското езеро се исполнети условите да бидат впишани...

УНЕСКО: Властите за три години да го решат проблемот со дивите депонии во Југозападниот регион

Во последниот Нацрт-извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата, Југозападниот плански регион и општините мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково и Мауцкер во Охрид, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни ѓубришта во регионот, а просторот соодветно да го исчистат и...

Владата ќе инсистира да се урнат сите дивоградби во Охрид

Нацрт-извештајот на УНЕСКО за Охрид е силен аларм за состојбата со Охридскиот регион, што налага огромна потреба за највисоко ниво на ангажираност кај сите чинители за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро. Ова е еден од заклучоците од средбата на премиерот Зоран Заев со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за култура, за животна...

Екологистите апелираат претседателот Пендаровски итно да го стави Охрид под привремена заштита

Граѓанската организација Фронт 21/42 упати апел до претседателот на државата, Стево Пендаровски лично да се заложи за извршување на меѓународнитe договори кои ги ратификувала земјава и на тој начин да помогне да се заштити природното и културното богатство на Охридскиот регион. Екологистите, по објавувањето на загрижувачкиот нацрт-извештај на УНЕСКО, со кој се заклучува дека Охрид е подготвен да се најде...

УНЕСКО во новиот извештај бара трајно напуштање на идејата за марина во Студенчишко блато

Нацрт-извештајот на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион ја разбранува охридската, но и македонската јавност, како и реакцијата на локалната самоуправа на истиот. Извештајот веќе е пристигнат до сите надлежни институции на централно и на локално ниво, а од Општина Охрид во предвидениот рок велат дека ќе дадат коментари на оваа првична верзија на извештајот....

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...