Костадиновска-Стојчевска и Ковачевски на средба во УНЕСКО, се споменал и Охрид

Особен акцент беше ставен на континуираната и одлична соработка со Центарот за светско наследство и советодавните тела и нивната експертска помош во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион

-

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска присуствува на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, каде што пред отворањето, заедно со премиерот Димитар Ковачевски беа пречекани од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

На средбата, извести македонското Министерство за култура, беше истакнато задоволството од досегашните резултати од интензивната соработка на Северна Македонија со Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, во годината кога нашата земја ја одбележува 30-годишнината од членството во Организацијата.

Особен акцент беше ставен на континуираната и одлична соработка со Центарот за светско наследство и советодавните тела и нивната експертска помош во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

„Охридскиот регион е магичен сплет на природа, историја, религија, уметност и писменост. Во него ќе најдете преку 2500 квадратни метри фрески на византиската уметност во која учествувале и локални македонски мајстори; над 800 скапоцени икони создавани меѓу 11-от и 14-от век; антички мозаици, османлиски џамии; колекции на старословенски, византиски и османлиски ракописи, и што многу работи! И сето тоа расположено околу едно од најстарите и најубави езера во Европа, кое во себе крие голем број ендемски и ретки слатководни видови флора и фауна“, рече Ковачевски, додавајќи дека императив е да се одржи интегритетот и автентичноста на Охридскиот регион, во соработка со Центарот за светско наследство на УНЕСКО.

„Заедно со Република Албанија треба да бидеме пример за добрососедска соработка и во заштитата на ова, и заедничко, и универзално добро“, рече премиерот.

Пример за вклученост во иницијативите и активностите на Организацијата се и обновената Катедра за интеркултурни студии и истражување во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и новоформираната Катедра за писменоста за иднината и медиумска писменост во рамките на Институтот за комуникациски студии од Скопје, како дел од Мрежата на УНЕСКО на катедри (UNESCO/UNITWIN).

Министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска, свое обраќање на 42. Генерална конференција на УНЕСКО ќе има утре каде што официјални обраќања имаат претставниците на државите членки, а се разгледуваат генералните политики на Организацијата.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...