петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: сипаници | 19 резултати

За шест дена, 105 нови случаи на заразени со морбили

мај 23, 2019

Во периодот од 17 до 23 мај, пријавени се вкупно 105 нови случаи на мали сипаници, а од нив, 81 отсто не се вакцинирани, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 46 случаи се од Скопје, а останатите 59 се од деве други градови – Кичево (17), Дебар […]

Не се стишува епидемијата со морбили, за една недела 63 нови случаи 

март 18, 2019

Во период од една недела, пријавени се вкупно 63 случаи на мали сипаници кои биле лабораториски потврдени. Од вкупниот број на новозаболени лица, 29 случаи се од Скопје, а речиси 80 отсто од нив се невакцинирани. Освен од Скопје, пациентите се од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Гевгелија, Виница и Кратово. – Од почетокот на епидемијата […]

Филипче повторно би ја вакцинирал внуката, антиваксерите и опозицијата пласирале лажна вест

јануари 29, 2019

За обвинувањата дека ја лаже јавноста со вакцинирањето на неговата внука, министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“ рече дека се „груба манипулација на опозицијата“. – Жал ми е што ДПМНЕ посегна по груба манипулација да ја смени вистината. Стануваше збор за потег со кој сакав да покажам дека тоа […]

Филипче: Ќе одговараат сите кои требало да забележат дека вакцините имаат погрешна декларација

јануари 29, 2019

Вакцините со погрешни декларации се тргнати на страна и ако нема ништо спорно од законски аспект, јас ќе инсистирам тие вакцини да се покажат во јавноста, рече министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“. Тој рече дека сериозно размислува да ја прекине соработката со „Македонија лек“, компанијата која […]

Министерство за здравство: Децата со мали сипаници се во стабилна здравствена состојба

јануари 25, 2019

За едно деноноќие на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се два нови случаи со морбили (мали сипаници), информираа денеска на прес-конференција директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ и директорката на Клиниката за детски болести Катарина Ставриќ. Во моментов, на клиниката има вкупно 20 пациенти со потешка клиничка слика предизвикана од […]

СЗО: Загадениот воздух и „антиваксерите“ се меѓу 10-те најголеми закани за здравјето

јануари 18, 2019

Загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата за најголеми закани по човековото здравје во светот во 2019 година, што ја подготви Светската здравствена организација (СЗО). На списокот со 10 точки, на 9. место се противниците на вакцинирањето. Истовремено, во Скопје продолжува епидемијата на морбили, а со оваа болест најновите пациенти примени на […]

Против МРП вчера вакцинирани 23 деца, бројката стаса до 1.102

јануари 8, 2019

Министерството за здравство информира дека вчера до 13 часот вакцинирани биле 23 деца со МРП (морбили, рубеола, паротитис – или ситна сипаница, крупна сипаница и заушки). Со тоа, до вчера вакцинирани биле вкупно 1.102 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници). Министерството за здравство апелираме до сите родители […]

Родителите не се бунат кога градинките им ги враќаат децата без МРП вакцина

јануари 3, 2019

Пет деца невакцинирани за морбили, рубеола, паротитис (МРП) не биле примени на згрижување денеска во градинката „Кочо Рацин“ во Центар, согласно препораките на Министерството за здравство (МЗ). Во меѓувреме, од денеска инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прават проверки, дали има деца кои се примени, а не се вакцинирани со МРП. Главната сестра […]

Министерство за здравство со забрана: Нема МРП вакцина – нема градинка

јануари 2, 2019

Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на ниво на Скопје, поради  12 нови случаи. Министерот Венко Филипче на прес-конференцијата денеска порача дека шест од новите случаи се потврдени преку лабораториски анализи, а за другите шест случаи анализите се очекуваат утре. Овие нови 12 случаи се надоврзуваат на седумте случаи во градинка во Радишани […]

Грозданова: Невакцинирани деца не треба да бидат примени во градинка или училиште

декември 30, 2018

Поради одредени отстапки, во моментов и децата кои не се вакцинирани се примаат на училиште и во градинка, а со тоа се доведува во прашање и намалувањето на колективниот имунитет, што е единствен услов за успешна превенција на инфективни (заразни) болести, предупредува за „Мета“ проф. д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството […]

Ставридис: Итно да се вакцинираат сите невакцинирани против морбили

декември 28, 2018

Родителите да ги проверат вакциналните картони на децата и ако имаат пропуштено вакцинација – да ја направат. Во исто време, ако кај децата се појави осип проследен со температура, родителите веднаш да се јават кај матичните педијатри, апелира д-р Катерина Ставридис, епидемиолог во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Деновиве, епидемиолозите се подготвуваат за работа на […]

Три нови случаи на заболени со мали сипаници

октомври 20, 2017

Во текот на изминатата недела, од 14 до 20 октомври, регистрирани се три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на заболени е 17 лица, информираат од Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на заболени, 10 лица живеат во населбата Маџари – Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно […]

Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници во Гази Баба

септември 23, 2017

Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) во Општина Гази Баба, откако пет деца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Најмалото дете има 12 месеци, а најголемото 11 години. Претседателот на Комисијата, Звонко Миленковиќ, вели дека три од нив имале висока температура и други компликации кои се појавиле пред осипот, но не се […]

Овчи сипаници ги испразнија училиштата и градинките, регистрирани 3.025 случаи

мај 4, 2017

Во училиштата и во градинките е забележан зголемен број на деца со овчи сипаници, па така во некои одделенија речиси половина од учениците отсуствуваат од настава поради појавата на овој вирус. Информацијата дека во овој период е регистрирано релативно зголемување на бројот на лица заболени со овчи сипаници, за „Мета“ ја потврдија и од Институтот за јавно здравје. […]

Зголемен број заболени од овча сипаница

февруари 6, 2016

Во јануари во Институтот за јавно здравје се регистрирани 829 случаи на овчи сипаници во цела земја, што е речиси иста состојба со претходниот месец кога биле откриени 816 болни, но двојно повеќе од ноември, кога имало околу 400 заразени. Меѓутоа, во споредба со јануари лани, оваа болест бележи пораст од 64 отсто. Тогаш имало само […]

Страна 1 од 1