fbpx

Пендаровски ги потпиша законите за абортус, за дискриминација, за пристап до информации и 15 други

-

Претседателот на државата Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 18 закони, кои не беа потпишани од претседателот Иванов, соопшти претседателскиот кабинет.

Меѓу потпишаните се указите за прогласување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, потоа Законот за прекинување на бременоста, попознат како закон за абортусот, а Пендаровски ставил потписи и на Законот за бесплатна правна помош, на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, на Законот за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија, на на Законот за изменување и дополнување на законот за субвенционирање на станбен кредит.

„Имплементацијата на овие закони носи многу придобивки и законските решенија се од суштински интерес за граѓаните на Република Северна Македонија. Со Законот за спречување и заштита од дискриминација се обезбедува принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Законот ги заштитува лицата со попреченост и ги воведува родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основа за заштита од дискриминација.
Со законот за прекинување на бременоста се укинуваат постојните административни процедури и бариери за спроведување на постапката за безбеден прекин на бременоста“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...