fbpx

Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња од морбили

-

Три бебиња загинаа од епидемијата на морбили, која во Македонија започна во декември 2018 година, зголемувајќи ги стравувањата дека таа е резултат на долгогодишната пропаганда против вакцинирањето промовирана од десничарските популисти, пишува „Глобал војсис“.

Помеѓу три и десет лица дневно се дијагностицираат со морбили во Македонија и над 259 лица се евидентирани како заболени досега, објави Институтот за јавно здравје, главната национална здравствена институција.

Институтот исто така посочи дека повеќе од половина од регистрираните случаи се деца на возраст под четири години, додека, пак, секоја петта жртва е постара од 30 години.

Во меѓувреме, прогресивни медиуми и граѓански организации обрнаа внимание на проблемот со дезинформирањето, додека, пак, граѓаните ги користат друштвените мрежи како средство за конфронтирање со застапниците за прекин на вакцинирањето (таканаречените „антиваксери“ или „антивакцинатори“).

Скандалот со фармацевтска компанија која наводно ставила погрешни датуми на декларациите увезени во Македонија, против која беше покрената истрага, дополнително ги засили позициите на противниците на вакцинирањето.

Целиот текст може да го прочитате тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...