fbpx

Армијата вработени во 5 најголеми државни фирми е побројна од АРМ (инфографик)

-

Има ли превработеност во државните претпријатија во земјава? Ова прашање кое заслужува внимание посебно откако во јавноста во изминативе денови беа обелоденети повеќе случаи на вработување на блиски роднини на високи државни функционери.

Податокот дека бројот на вработени во петте државни претпријатија Електрани на Македонија, Македонска пошта, Македонски шуми, Македонски железници – Инфраструктура и Македонски железници – Транспорт е поголем отколку целата АРМ отвара нов поглед при барањето одговор на ова прашање.

На почетокот на минатата година бројот на вработени во овие пет претпријатија изнесувал 11.291, што е за околу четири илјади лица повеќе од АРМ каде имало 7.202 вработени.

Меѓу нив, рекордер по бројот на вработени е ЕЛЕМ каде што на почетокот на 2018 година работеле 4.791 лице, што е зголемување за 982 лица во однос на 2009 година. Математиката покажува дека оттогаш наваму секоја година бројот на вработени во ЕЛЕМ се зголемувал за безмалку 100 лица.

Следни на листата се Македонска пошта со 2.244 вработени, Македонски шуми со 2.220 вработени, ЈП Македонски железници – Ифраструктура со 1.055 вработени лица Македонски железници – Транспорт со 981 вработени, Македонска радио телевизија со 845 лица итн.

Претежно станува збор за претпријатија кои со ретки исклучоци редовно покажуваат загуба во финансиските извештаи и тешко би опстоиле без помош од државата. Сепак, лошата финансиска кондиција не ги спречи и во текот на минатата и оваа година да распишуваат огласи за вработувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...