fbpx

Пораст на вакцинираните против морбили, од годинава вакцини против пневмокок и рота вирус

-

 

Еден од главните приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини, кои заштитуваат од пневмокок и од рота вирус, кои се причинители на тешки заболувања проследени со компликации кои најчесто се јавуваат кај малите деца до 5 годишна возраст, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната работилница „Перспективите и предизвиците во Имунизацијата“, во организација на Светската здравствена организација и семејна медицина“.

Тој вели дека новиот календар е комплетно усогласен со препораките на СЗО, а уверува дека вакцините се произведуваат во окружување и процес кои подлежат на многу контроли.

Според Филипче, родителите ги послушале препораките на Министерството за здравство за навремено вакцинирање со МРП вакцината.

-Според последните податоци од Институтот за јавно здравје вкупниот број на вакцинирани деца на возраст до 14 години од почетокот на епидемијата со морбили изнесува 27.248. Од нив, 14.541 дете е вакцинирано во Скопје, додека пак 12.707 деца се вакцинирани во останатиот дел од државата. Инаку, вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти и според епидемиолозите ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години. Никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту пак некој со своја волја има право да го загрозува правото детето да биде здраво – истакна министерот Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...