Антиваксерите од Балканот се повикуваат на поддршката од Руската Православна Црква

-

Пропагандата против вакцинирањето наменета за корисници  на интернет од Балканот меѓу другото функционира и преку злоупотреба на религиозните чувства, пишува „КриТинк“ во анализата „Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?“.

Патријархална комисија за семејството, која е директно одговорна пред пред г.г. Кирил, поглаварот на Руската православна црква (РПЦ) во април 2019 г. објавила посебен проглас под наслов „За правата на родителите од областа на здравствената заштита на децата и имунопрофилаксата“, кој го промовираат преку објави на интернет и собирот на конзервативни десничари наречен „Светски конгрес на семејства“, одржан во Верона со учество на тогашниот  италијански вицепремиер, десничарскиот популист Матео Салвини.

Анализата укажува дека наводите за оваа одлука на РПЦ се шират преку српски портали заедно со препораки дека „ српските верници, додека нивната црква не се изјасни по ова прашање може да се повикуваат на официјален став на Руската православна црква“.

Според прогласот, РПЦ ги поддржува барањата на антиваксерите самостојно да одлучуваат во врска со вакцинирањето на нивните деца „без да бидат подвргнати на притисок“ и прогон.

Низа релевантни извори, меѓу кои и проектот EuvsDisinfo, укажуваат дека генералната пропаганда против вакцинирањето, за која во западните земји има докази дека е поттикнувана од армии на тролови поврзани со Кремљ како средство за ширење раздор преку социјалните мрежи. Како главен актер во овој процес се посочува ткн. Агенцијата за истражување на интернет (Internet Research Agency) чија оперативка Ана Богачова признала дека била на службена задача во Северна Македонија во текот на 2015 г.

Сепак, во еден дел од прогласот со кој се дава поддршка на антиваксерските ставови, РПЦ се оградува со наводот дека „правото на децата на образование не треба да се ограничува врз основа на тоа што нивните родители одбиле вакцинација, освен при појава на масовни заразни болести или непосредна закана со епидемија“.

Во Република Северна Македонија епидимија на морбили на национално ниво е прогласена во април 2019 година, а мерките за заштита опфаќаат забрана за пристап на невакцинирани деца во градинки и училишта. До мај од здравствени компликации поврзани со морбили во земјата се починати 4 бебиња.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...