fbpx

Правото на образование да не се условува со вакцина, побараа родители, адвокати и доктори

-

Десетици родители, адвокати, доктори и гости вчера присуствуваа на конференцијата на тема „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме“, која ја организираше здружението „Од нас за нас“. Се зборуваше за правата на децата, особено на правото на образование без условување со примени вакцини.

Некои од родителите ги раскажаа своите искуства со нивните деца кои не се примени на училиште, поради тоа што не ја примиле МРП вакцината.

– На 2 септември ме известија дека моето дете нема да посетува настава. Присуствуваше само на првиот училишен ден. Реагирав секаде, а во меѓувреме го носам детето постојано на училиште. Ме повикаа од Центарот за социјални грижи, каде ги кажав сите аргументи и дека се грижам моето дете да не биде дискриминирано. Ова е најбрутална дискриминација што се случува. Сите вие кои имате деца што не ви се примени на училиште, треба да застанете кај директорите, мислам дека така ќе бидеме посилни – рече една од присутните мајки.

На дебатата присуствуваа две адвокатки од Србија, Нина Атанацковиќ Суломар и Милина Дориќ. Освен нив, за правниот систем во државава зборуваше и адвокатката Љупка Еленова.

– На родителот не му се дава право да бира дали ќе го ваквцинира своето дете. Оваа година условено е со потврда за примена вакцина да се интегрира во системот. Законот за спречување и забрана на дикриминација јасно кажува што е дискриминација во член 6, а меѓудругото тоа е оневозможување на пристап до добрата и услугите. Правото на образование е задолжително и бесплатно за сите. Кај нас е условено со потврда за примена вакцина. Според членот 3 од Конвенцијата против дискриминација во образованието, државите членки се обврзуваат да ја укинат секоја управна практика која дозволува дискриминација во просветата. Од друга страна, зошто докторите не препорачуваат, едно дете пред да прими ваквцина, да биде испитана комплетно неговата здравствена состојба? Генетски и други испитувања се препорачуваат дури отпосле кога ќе се појави некаков посериозен проблем. Зошто Министерството за здравство не наложи сето ова да се прави претходно, а наместо тоа присилува вакцинирање и плус не покажува грижа за поединецот – праша адвокатката Љупка.

Нејзината колешка Атанацковиќ Суломар рече дека имунизацијата е право, а не обврска.

– Невакцинираните деца во Србија, смеат да одат на училиште. И првачињата и постарите деца. Нашето министерство сфати дека тоа нема поента, дека не може некого да тера на сила и да не му дозволува да се образува. Во градинките, некаде примаат невакцинирани деца, некаде не. Предвидените санкции за невакцинирање се уцена за родителите и за целото семејство. Не ми е јасно како здравото и невакцинираното дете го загрозува јавното здравје, и тоа додека престојува во училиште. Зошто му се скратува правото на образование? Целосно здравото и невакцинирано дете е закана. Влегуваме во фашизам, а дали ќе дозволиме да продолжи, од нас зависи – рече Аранацковиќ Суломар.

Немате право да видите што има во составот на вакцините, ниту имате право да знаете за последиците, рече адвокатката Милина Дориќ.

– Самата вакцина не гарантира дека несакани ефекти нема да има. Големи се оние доктори кои ги штитат правата на пациентите и не поддржуваат вакцинација и чии имиња еден ден ќе бидат испишани во историјата на модерната медицина. Да бидеме истрајни во оваа борба зашто за правото на слобода треба да се бориме, иако мислевме дека за слобода одамна се изборивме – рече таа.

На настанот една од присутните мајки кажа дека во едно училиште во една скопска населба, имало петиција, родители собирале потписи за нивните деца да не учат со невакцинирани деца. Таа ги праша адвокатите како да се заштитат од правен аспект, на што ѝ одговорија дека залудна е петицијата.

– Нема правна основа затоа што невакцинираните деца не се заразни деца – рекоа адвокатите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...