понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: вакцини | 448 резултати

Родителите не се бунат кога градинките им ги враќаат децата без МРП вакцина

3 јануари 2019

Пет деца невакцинирани за морбили, рубеола, паротитис (МРП) не биле примени на згрижување денеска во градинката „Кочо Рацин“ во Центар, согласно препораките на Министерството за здравство (МЗ). Во меѓувреме, од денеска инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прават проверки, дали има деца кои се примени, а не се вакцинирани со МРП. Главната сестра […]

Родителите се раскараа на Фејсбук по забраната за примање невакцинирани деца во градинка

3 јануари 2019

Времената мерка за забрана за примање во градинка на деца невакцинирани со МРП вакцина на Министерството за здравство (МЗ), изминативе два дена предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Според едни, ваквата мерка за забрана треба да биде трајна, а други оценуваат дека министерството само шири паника и дека не треба на овој начин да се […]

Министерство за здравство со забрана: Нема МРП вакцина – нема градинка

2 јануари 2019

Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на ниво на Скопје, поради  12 нови случаи. Министерот Венко Филипче на прес-конференцијата денеска порача дека шест од новите случаи се потврдени преку лабораториски анализи, а за другите шест случаи анализите се очекуваат утре. Овие нови 12 случаи се надоврзуваат на седумте случаи во градинка во Радишани […]

Дезинформациите за Украина, вакцинирањето и НАТО се главни трендови во 2018 година

30 декември 2018

Кампањата на Европската Унија против дезинформации (EUvsDisinfo) објави преглед на главните трендови од областа на дезинформирањето за 2018 година, поврзувајќи го ширењето на лаги на се поширок опсег на прашања со активноста на руските тролови и медиуми, пренесе „КриТинк“. Благодарение на притисокот кој владите од западните земји врз големите компании за информатичка технологија, во изминатата […]

Грозданова: Невакцинирани деца не треба да бидат примени во градинка или училиште

30 декември 2018

Поради одредени отстапки, во моментов и децата кои не се вакцинирани се примаат на училиште и во градинка, а со тоа се доведува во прашање и намалувањето на колективниот имунитет, што е единствен услов за успешна превенција на инфективни (заразни) болести, предупредува за „Мета“ проф. д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството […]

Вакцините се безбедни, нивниот квалитет е гарантиран (инфографици)

19 ноември 2018

Имунизацијата на населението е значајна здравствена, социјална и економска придобивка. Вакцините штитат од тешки заразни заболувања, а со тоа се создава колективен имунитет и заштита од епидемии на целата заедница. Во Македонија, согласно законската регулатива континуираната вакцинација кај децата од 0-18 години е задолжителна. Опфат над 95 отсто може да создаде колективен имунитет и заштита […]

Во Охрид започна вакцинацијата против сезонски грип

5 ноември 2018

Во Центарот за јавно здравје Охрид од утринава веќе започна вакцинацијата против сезонски грип. Од Центарот информираат дека набавени се вкупно 4.000 дози вакцини. Објаснуваат дека станува збор за четиривалентна најнова вакцина против грип, од холандско и француско потекло која штити од четири видови инфлуенца и е според препораките на Светската здравствена организација. Првиот човек […]

За три години, тројно се намалени пријавите за несакани реакции од вакцини (инфографик)

31 октомври 2018

За три години, тројно е намален бројот на пријави од граѓани за несакани реакции од вакцините, покажува евиденцијата на Институтот за јавно здравје. Во 2015 година, регистрирани се 48 пријави за несакани ефекти од вакцини, додека во 2016 се регистрирани 16, а во 2017 само 13 пријави. Значителното намалување на несаканите реакции може да се […]

Во последните четири години опфатот со МРП вакцината е под 90 отсто

26 октомври 2018

Падот на опфатот со првата доза на МРП вакцината (против морбили, паротитис и рубеола) е силно поврзан со влијанието на антивакциналното лоби кое зема засилен замав и во нашата земја, па многу родители или ја одбиваат МРП вакцинацијата или ја одложуваат до поголема возраст на своите деца. Ако се погледнат бројките од извештајот за имунизација […]

Колективниот имунитет „опаднат“, државата со вакцини ќе го зголемува (инфографик)

18 октомври 2018

Минатата година, опфатот на вакцинација на ниво на држава бил помал од 95 отсто, колку што е препораката на Светската здравствена организација, освен за „бе-се-же“ (БСГ) вакцината, покажуваат последните бројки на Институтот за јавно здравје. Има 2.800 деца на возраст од 13 месеци кои не ја примиле „ем-ер-пе“ (МРП) вакцината, а дури 2.400 од нив […]

Вируси и бактерии ги напаѓаат децата во градинките и оние со намален имунитет

17 октомври 2018

Од идната година се очекува да станат задолжителни пневмококната и „рота“ вакцината. Бактеријата „стрептококус пнеумоние“ предизвикува неколку заболувања особено кај малите деца – инфекции на увото, синусите, воспаление на белите дробови, но и тешки компликации како воспаление на мозочните обвивки (менингитис), вели Александра Грозданова професорка на Фармацевтскиот факултет и претседателка на Националниот комитет за имунизација. […]

Државата со кампањи ќе ги убедува родителите да вакцинираат

12 октомври 2018

Министерството за здравство, со кампањи ќе се бори против антиваксерите. Планирано е да се преземат низа активности со кои ќе се едуцираат родителите за важноста на вакцинацијата и потребата од имунизација. За „Мета“, министерот за здравство, Венко Филипче вели дека е подготвена комуникациска и едукативна стратегија со која преку социјалните медиуми, градинките и училиштата, ќе […]

Филипче: Квалитетот на вакцините е загарантиран, вакцинирајте ги децата

9 октомври 2018

Вакцинацијата е тема која секогаш предизвикува дискусија во јавноста. Од една страна, се антиваксерите кои не вакцинираат своите деца главно поради недоверба во здравствениот систем, а од друга страна, се оние родители кои редовно вакцинираат. Во услови кога има тренд на намалување на бројот на деца кои се вакцинираат, разговаравме со министерот за здравство Венко […]

Вакцините во Македонија се безбедни, нема место за паника, вели Филипче

23 август 2018

Во Македонија се внесуваат безбедни и проверени вакцини. Нема место за паника. Вакцините се европски и сигурни, рече министерот за здравство, Венко Филипче и истакна дека вакцинацијата е најдобрата инвестиција во здравјето. Министерот рече дека во календарот за имунизација за 2019 година воведени се уште две вакцини со европски и светски квалитет. -Моментално во потполност […]

ДСЗИ: На аџилак во Мека само со примени вакцини

1 август 2018

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ги предупредува муслиманите кои ќе патуваат на аџилак во Мека дека според Законот за заштита на населението, ќе мора да патуваат во групи не помали од 40 лица, како и да ги имаат примено соодветни вакцини. Групите аџии од земјава ќе може да излезат и во неа да влезат […]

Чакаровски: Ќе се усогласиме, вакцинирањето нема да биде услов за упис во училиштата

23 април 2018

Министерството за здравство нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата. Во постојан контакт сме со Министерството за образование, ќе ги усогласиме ставовите. Не е точно дека работиме на тоа дека децата нема да се запишуваат во градинка или во училиште ако не бидат вакцинирани. Ќе работиме на тоа на родителите кои […]

За четири дена двајца починати од мали сипаници во Србија

6 март 2018

Четириесетгодишно лице, чиј пол не е соопштен, починало од компликации предизвикани од морбили, односно мали сипаници, и со тоа стана осма жртва на епидемијата на мали сипаници во Србија. Лицето било од Белград, а починало на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Др. Милан Јовановиќ – […]

Институтот за јавно здравје потврдил уште три случаи на мали сипаници

29 септември 2017

Институтот за јавно здравје информира дека во тек на денешниот ден лабораториски се потврдени уште три случаи на мали сипаници (морбили), со што вкупната бројка на заболени се зголеми на осум лица. Од институтот информираат дека се работи за деца на возраст од три и пет години и за еден пациент на возраст од 27 години. […]

Шахпаска: Власта во заминување неодговорно скрати пари за дијабетичарите и за вакцините

12 април 2017

Власта во заминување не престанува да прави штети и повторно го става во ризик здравјето на граѓаните, порача на прес-конференција денеска Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ. Таа рече дека со технички овластувања е донесена одлука да се скратат средства за инсулин во износ од 62 милиони денари. – Тоа се за 10 отсто помалку средства за […]

Набавени 50.000 вакцини за болеста „чвореста кожа“ кај говедата

23 мај 2016

Агенцијата за храна и ветеринарство обезбеди 50 илјади дози од вакцината против болеста „чвореста кожа“ кај говедата, за итна вакцинација на добитокот во 19 општини во источна и југоисточна Македонија. Со цел сузбивање и искоренување на болеста и намалување на ризикот од нејзино ширење, со вакцинацијата ќе бидат опфатени зоните под надзор и заштитните зони […]

Страна 22 од 23