Двете новороденчиња за кои во медиумите се пишуваше дека починале по прием на вакцина дитепер воопшто не биле вакцинирани со неа, информираше денеска Јованка Костовска, претседателка на Комисија за заразни болести.

– Формирана е комисија која ќе изврши контрола кај матичниот лекар, кај тимовите за вакцинација и секаде каде што биле лекувани овие деца или биле примени пред да им биде констатирана смрт. Се чекаат резултатите од обдукцијата, кои треба да покажат од што настапила смртта – информира Костовска.

Едното од бебињата било на двомесечна возраст, а другото имало еден месец. Едното е од Студеничани, а другото од Шуто Оризари.

Вакцината дитепер се дава, како што појасни Костовска, дури по наполнети три месеци.

Дел од медиумите претходно објавија дека едното од новороденчињата починало на 1, а другото на 3 март, отако примиле вакцина дитепер.