Државата со кампањи ќе ги убедува родителите да вакцинираат

-

Министерството за здравство, со кампањи ќе се бори против антиваксерите. Планирано е да се преземат низа активности со кои ќе се едуцираат родителите за важноста на вакцинацијата и потребата од имунизација.

За „Мета“, министерот за здравство, Венко Филипче вели дека е подготвена комуникациска и едукативна стратегија со која преку социјалните медиуми, градинките и училиштата, ќе се допре до родителите.

– Сакаме да им посочиме проверени и научно потврдени извори на информации во врска со имунизацијата. Преку општините и локалната самоуправа се планираат јавни дебати и трибини каде што сме спремни да одговориме на прашањата на родителите. Исклучително важна ни е соработката со медиумите и на тоа посветуваме големо внимание. Тие се нашиот партнер и сојузник во правилниот начин на информирање, достапноста на точни и проверени податоци и секако објективна критика ни е потребна. Само со едукација и презентирање на точни факти можеме да ги победиме анти-вакциналните кампањи и да го подигнеме опфатот на имунизација – вели Филипче.

Инаку, како што веќе е познато, а потсетува министерот, две постари вакцини се заменети со нови и современи.

– За сето ова да го овозможиме го зголемивме буџетот за имунизација за 70 отсто. Факт е дека последните две-три години опфатот постепено опаѓа, како резултат на антивакциналните кампањи, што е глобален проблем, а не само кај нас. Со овој опфат не се обезбедува колективен имунитет и можно е појава на претходно искоренети заболувања. Токму затоа, имунизацијата е еден од приоритетите на Министерството за здравство, имајќи предвид дека инвестицијата во превентивата има докажана клиничка, социјална и фармакоекономска оправданост – додава Филипче.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...