fbpx

„Поинтер“: Анти-ваксерите со нови манипулативни тактики шират дезинформации

-

Во мај годинава Инстаграм објави дека ќе блокира хаштагови што промовираат „потврдено лажни“ информации за вакцините, потег што уследи по одлуките на другите социјални платформи да се сузбиваат погрешните информации за вакцините. Но, анти-ваксерите развија иновативни начини да се провлечат низ новововедените филтри, известува Factually, информативниот билтен на Меѓународната мрежа за проверка на фактите ( International Fact-Checking Network) организирана од Институтот Поинтер (Poynter), и од Проектот за отчетност (Accountability Project) на Американскиот институт за медиуми (American Press Institute).

Противниците на вакцинирањето тоа го прават на два начина. Така, пред објавата од Инстаграм, тие користеле хаштагови како #vaccineskill, а сега користат поопшти хаштагови како #learntherisk и #justasking, стои во статијата на Coda Story, која се пренесува во Factually.

Дополнително во обид да се избегнат филтрите на Инстаграм, се пишуваат хаштагови како #vaççines или #va((ines.

Како второ, антиваксерите ги користат и хаштаговите што се најраспространувани од поборниците на правото за абортус, како #righttochoose и #mybodymychoice, пишува Coda Story.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...