fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Украинските хирурзи се соочуваат со бран од ранети војници од почетокот на контраофанзивата

Болницата „Мечников“ во источна Украина е сведок на мрачните последици од војната, додека ранетите војници пристигнуваат на носилки од линијата на фронтот. Напливот на жртви се случува истовремено со големата контраофанзива на Украина за враќање на нејзината територија што моментално е под руска контрола. Хирурзите во болницата „Мечников“ работат неуморно, изведувајќи од 50 до 100 операции секоја вечер. Болницата...

Русија со нов бран напади со беспилотни летала врз Кијив

Русија започна нов бран напади со беспилотни летала врз Кијив, соопштија регионалните власти утринава, a украинските власти ја обвинија Русија за употреба на касетна муниција во напад врз цивили, во кој загинаа две лица, меѓу кои едно дете, објавуваат странските медиуми. „Сите воздушни цели беа навремено откриени и уништени на пристапот кон Кијив од страна на силите за воздушна одбрана“,...

Напад со дронови во Москва, Русија тврди дека се украински

Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот со беспилотни летали што рано утрово оштетија најмалку две згради во главниот град Москва. Руското Министерство за одбрана соопшти дека два дрона биле „потиснати и урнати“, додавајќи оти нема жртви, пишува Би-би-си. Руската државна новинска агенција Тас објави дека едно беспилотно летало паднало во близина на Министерството за одбрана. Во друг настан, пак, како...

Во рускиот ракетен напад на Краматорск беа погодени цивили, а не „воени легитимни цели“

Рускиот ракетен напад врз Краматорск бил намерен и извршен врз цивилни објекти. Факт е дека во нападот на пицеријата во Краматорск биле убиени 12 цивилни лица, а десетици биле повредени. Тоа што американски војник бил таму за да јаде, не го прави објектот „легитимна воена цел“, како што тврди Русија. Постот ја форсира руската пропаганда дека целта на нападот биле...

САД: Украина „ефикасно“ користи касетни бомби

Белата куќа потврди дека Украина користи американски касетни бомби против руските сили во земјата. Портпаролот за национална безбедност на САД, Џон Кирби рече дека првичните повратни информации укажувале оти касетните бомби се користат „ефикасно“ врз руските одбранбени позиции и операции, пренесува Би-би-си. Касетните бомби се распрскувачки бомби кои се забранети во повеќе од 100 држави, поради нивната закана за цивилите. САД...

Руските напади продолжуваат врз пристаништата во Украина

Руските напади врз украинските пристанишни области продолжија и денес. Нападите доаѓаат откако Москва предупреди дека бродовите што се упатуваат кон украинските пристаништа на Црното море може да се сметаат за воени цели, пренесе Ројтерс. Во нападите повредени се најмалку 20 лица во регионите на Миколаев и Одеса. Со излегувањето на Русија од договорот што ги заштити глобалните испораки на украинско...

Кијив повторно напаѓан цела ноќ, но руските дронови не нанесоа штети

По речиси цела ноќ руски напади со дронови, околината на Кијив, главниот град на Украина, сепак помина без штети и без повредени. Биле користени јуришни дронови, неколкупати во ноќта била прогласувана тревога, но украинската противвоздушна одбрана сепак успеала да ги неутрализира дроновите, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. „Минатата ноќ, непријателот повторно го нападна регионот Кијив со јуришни дронови. Неколкупати...

Русија со нов бран напади во јужна Украина, оштетена инфраструктура во Одеса

Русија започна нов бран напади со беспилотни летала рано утринава врз јужна Украина, оштетувајќи ја инфраструктурата во црноморското пристаниште Одеса, објавија регионалните власти и војската, додека Москва соопшти дека одбила напад со украински беспилотни летала врз нелегално анектираниот регион Крим, јавуваат странските медиуми. Серхи Братчук, портпарол на воената администрација на регионот Одеса, изјави дека украинската воздушна одбрана одбила руски воздушен...

Русија се повлекува од договорот за извоз на жито од Украина

Русија ги известила Обединетите нации, Турција и Украина дека нема да го обнови клучниот договор за жито, што ѝ овозможуваше на Украина да го извезува своето жито преку Црното Море. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека договорите постигнале „де факто“ крај во понеделникот (н.з. денеска), пренесува Би-би-си. Договорот кој беше постигнат со посредство на ОН и Турција во јули минатата...

Трозабецот не е нацистички симбол, туку дел од украинската историја

Повлекувањето паралела меѓу Зеленски и Хитлер е класична манипулација во духот на руската пропаганда. Ова се прави сè со цел да се оправда руската агресија врз суверена Украина којашто трае повеќе од една година. Зеленски е Евреин, а неговиот дедо и тројцата негови браќа се бореле против нацистите. За потсетување, Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година, пишува...

Двајца загинати во експлозии на Кримскиот мост, Русија ја обвини Украина за нападот

Две лица биле убиени, а нивната ќерка ранета во напад на Кримскиот мост што се случил утрово. Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот на мостот кој претставува „артерија“ за руските војници кои се борат во Украина и престижен проект што го водеше рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Ројтерс. На железничкиот мост долг 19 километри биле пријавени експлозии, по...

Путин вели дека ако треба, Русија ќе употреби касетни бомби во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија има „доволно залихи“ на касетни бомби и го задржа правото да ги користи доколку таква муниција, чија употреба, според него, ја смета за злосторство, биде распоредена против руските сили во Украина, пренесе Ројтерс. Украина во четвртокот соопшти дека примила касетни бомби од Соединетите држави, нивниот најголем воен поддржувач, кој вели дека муницијата е...

Зеленски: Русија ги користи сите средства да ја сопре украинската контраофанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди неговата земја дека Русија ги користи сите расположливи ресурси во нејзината воена кампања за да ги спречи украинските сили во нивната контраофанзива на југот и на истокот на земјата. Коментарите на Зеленски следуваат откако украинските власти повторно признаа дека долго очекуваната операција на Украина за потиснување на руските сили напредува со многу побавно...

Нема повеќе „вагнеровци“ што се борат во Украина

Во Украина нема повеќе платеници од Вагнер Груп што се борат, а Вагнер Груп практично повеќе не постои, порачаа Министерството за одбрана на САД и рускиот претседател Владимир Путин. Според бригадниот генерал на Военото воздухопловство на САД и портпарол на Пентагон, Патрик Рајдер, во борбените дејствија во Украина моментално не се вклучени припадници на Вагнер Груп. Рускиот претседател Владимир Путин, пак,...

Пентагон потврди – испорачана е касетна муниција на Украина

Касетната муниција наменета за Украина веќе е испорачана во земјата, потврди министерството за одбрана на САД, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Информацијата ја соопштил генерал полковник Даглас Симс, директор на операции во Заедничкиот штаб зборувајќи со новинари. „Касетна муниција навистина е испорачана на Украина“, рекол тој, но не кажал дали украинските вооружени сили досега ја употребиле оваа муниција. Информацијата ја потврди...

Кијив повторно нападнат со дронови, трета ноќ по ред

Ноќеска, трет ден по ред, украинскиот главен град Кијив беше повторно цел на руски напади, при што украинската противвоздушна одбрана неутрализирала десетина непријателски летала, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на Воената администрација на градот Кијив. „Три дена по ред, Кијив беше нападнат со Шахиди (дронови произведени во Иран). Минатата ноќ беше извршен најголемиот напад со ирански дронови....

Преговори за долгорочен украински безбедносен план на самитот на НАТО

Зеленски денес ќе одржи серија билатерални средби со лидерите на НАТО, по заклучокот дека иднината на неговата земја зависи од алијансата, но отфрлен е неговиот повик за поставување временска рамка за членство, пренесува Гардијан. Тој ќе им се придружи на лидерите на НАТО на вториот ден од нивниот самит во Вилнус за почетната сесија на советот на НАТО и Украина,...

Азов не држел цивили како заложници во Азовстал

Од сведоштва на цивилите коишто биле во Азовстал во текот на бомбардирањето во Мариупол, евидентно е дека тие таму дошле сами, на сопствена слободна волја и, пред сè, поради нужност, сметајќи го тоа место за најбезбедна опција во текот на руското бомбардирање. Така што, во постот што го рецензираме невистинито се тврди дека Азов ги држел цивилите како заложници,...

Измислени изјави за изборите му се атрибуираат на Зеленски

Наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, Зеленски не изјавил дека избори во Украина нема да има додека не се имплементира некакво големо ресетирање во цел свет. Не е точно ни дека во изјава за Би Би Си тој признал оти неговиот петгодишен мандат, кој треба да заврши во 2024 година, ќе продолжи на неодредено, ниту пак, има кажано...

Русија го нападна Кијив неколку часа пред почетокот на НАТО самитот

Во раните утрински часови Русија изврши воздушен напад врз Кијив и тоа само неколку часа пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија на кој алијансата ќе се фокусира на справувањето со безбедносните закани од Москва, пренесува Гардијан. „Непријателот го нападна Кијив низ воздух по втор пат овој месец“, рече Серхи Попко, шеф на воената администрација на Кијив, во...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...