fbpx

Русија се повлекува од договорот за извоз на жито од Украина

Договорот кој беше постигнат со посредство на ОН и Турција во јули минатата година имаше за цел да ја ублажи глобалната криза со храна со тоа што ќе овозможи безбеден извоз на украинско жито

-

Русија ги известила Обединетите нации, Турција и Украина дека нема да го обнови клучниот договор за жито, што ѝ овозможуваше на Украина да го извезува своето жито преку Црното Море.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека договорите постигнале „де факто“ крај во понеделникот (н.з. денеска), пренесува Би-би-си.

Договорот кој беше постигнат со посредство на ОН и Турција во јули минатата година, имаше за цел да ја ублажи глобалната криза со храна со тоа што ќе овозможи безбеден извоз на украинско жито што претходно беше блокирано од руската агресија врз Украина.

Договорот дозволуваше товарни бродови да минуваат низ Црното Море од пристаништата во Одеса, Черноморск и Пивдењи. Постигнатиот договор беше продолжуван неколку пати, но истече денеска.

Русија со месеци зборуваше дека условите за негово продолжување не се исполнети, пишува „Гардијан“. Москва долго време се жали дека и понатаму има пречки за нејзиниот извоз на жито и ѓубрива.

Според Русија, житото не било доставувано до посиромашните земји, што било услов во договорот, а земјата постојано се жалеше и оти западните санкции го ограничуваат нејзиниот сопствен извоз на земјоделски производи.

„Штом ќе се исполни рускиот дел од договорите, руската страна веднаш ќе се врати на спроведувањето на овој договор“, рече Песков.

Според него, одлуката да не се обнови договорот не е поврзана со нападот врз Кримскиот мост во текот на ноќта, кој тој го нарече „терористички чин“ и ја обвини Украина.

Двајца загинати во експлозии на Кримскиот мост, Русија ја обвини Украина за нападот

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...