fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Зеленски: Русија ги користи сите средства да ја сопре украинската контраофанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди неговата земја дека Русија ги користи сите расположливи ресурси во нејзината воена кампања за да ги спречи украинските сили во нивната контраофанзива на југот и на истокот на земјата. Коментарите на Зеленски следуваат откако украинските власти повторно признаа дека долго очекуваната операција на Украина за потиснување на руските сили напредува со многу побавно...

Нема повеќе „вагнеровци“ што се борат во Украина

Во Украина нема повеќе платеници од Вагнер Груп што се борат, а Вагнер Груп практично повеќе не постои, порачаа Министерството за одбрана на САД и рускиот претседател Владимир Путин. Според бригадниот генерал на Военото воздухопловство на САД и портпарол на Пентагон, Патрик Рајдер, во борбените дејствија во Украина моментално не се вклучени припадници на Вагнер Груп. Рускиот претседател Владимир Путин, пак,...

Пентагон потврди – испорачана е касетна муниција на Украина

Касетната муниција наменета за Украина веќе е испорачана во земјата, потврди министерството за одбрана на САД, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Информацијата ја соопштил генерал полковник Даглас Симс, директор на операции во Заедничкиот штаб зборувајќи со новинари. „Касетна муниција навистина е испорачана на Украина“, рекол тој, но не кажал дали украинските вооружени сили досега ја употребиле оваа муниција. Информацијата ја потврди...

Кијив повторно нападнат со дронови, трета ноќ по ред

Ноќеска, трет ден по ред, украинскиот главен град Кијив беше повторно цел на руски напади, при што украинската противвоздушна одбрана неутрализирала десетина непријателски летала, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на Воената администрација на градот Кијив. „Три дена по ред, Кијив беше нападнат со Шахиди (дронови произведени во Иран). Минатата ноќ беше извршен најголемиот напад со ирански дронови....

Преговори за долгорочен украински безбедносен план на самитот на НАТО

Зеленски денес ќе одржи серија билатерални средби со лидерите на НАТО, по заклучокот дека иднината на неговата земја зависи од алијансата, но отфрлен е неговиот повик за поставување временска рамка за членство, пренесува Гардијан. Тој ќе им се придружи на лидерите на НАТО на вториот ден од нивниот самит во Вилнус за почетната сесија на советот на НАТО и Украина,...

Азов не држел цивили како заложници во Азовстал

Од сведоштва на цивилите коишто биле во Азовстал во текот на бомбардирањето во Мариупол, евидентно е дека тие таму дошле сами, на сопствена слободна волја и, пред сè, поради нужност, сметајќи го тоа место за најбезбедна опција во текот на руското бомбардирање. Така што, во постот што го рецензираме невистинито се тврди дека Азов ги држел цивилите како заложници,...

Измислени изјави за изборите му се атрибуираат на Зеленски

Наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, Зеленски не изјавил дека избори во Украина нема да има додека не се имплементира некакво големо ресетирање во цел свет. Не е точно ни дека во изјава за Би Би Си тој признал оти неговиот петгодишен мандат, кој треба да заврши во 2024 година, ќе продолжи на неодредено, ниту пак, има кажано...

Русија го нападна Кијив неколку часа пред почетокот на НАТО самитот

Во раните утрински часови Русија изврши воздушен напад врз Кијив и тоа само неколку часа пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија на кој алијансата ќе се фокусира на справувањето со безбедносните закани од Москва, пренесува Гардијан. „Непријателот го нападна Кијив низ воздух по втор пат овој месец“, рече Серхи Попко, шеф на воената администрација на Кијив, во...

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин се сретнал со Путин

Рускиот претседател Владимир Путин се сретнал со водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин по неуспешниот бунт на групата минатиот месец, пренесе Би-би-си. Пригожин бил меѓу 35-те команданти на Вагнер поканети на состанокот во Москва, информираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој рече дека Путин дал „оценка“ за воените напори во Украина и бунтот. Бунтот, кој започна на 23 јуни, траеше...

Зеленски ги врати од Турција заробените командати од Азовстал, во Украина нови цивилни жртви

Украинскиот претседател Володмир Зеленски вчера од посетата на Турција се врати со петте воени команданти од Азовстал кои беа заробени од руската војска пред повеќе од една година и потоа престојуваа во оваа земја со лична гаранција на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави украинската државна новинска агенција Укринформ.. Тие беа свечено пречекани дома. Во септември 2022 година, како дел...

500 дена од руската воена инвазија: Зеленски го посети островот што го нарече „место на победата“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави видео на Телеграм од неговата посета на островот кој стана симбол на украинскиот отпор - додека војната влегува во својот 500-ти ден, објави Би-би-си. Овој остров првично го зазеде Русија, но подоцна Украина го врати назад. Во видеото на Телеграм, украинскиот претседател го нарече „место на победа“ кое никогаш нема да биде повторно освоено. Зеленски го...

Бројот на загинати во Лвив се искачи на 10, двајца загинаа од руски дрон во Днипропетровск

Расте бројот на загинати лица по вчерашниот ракетен напад што го изврши Русија врз станбена зграда во Лвив, во крајниот западен дел на Украина. Властите соопштија дека 10 лица загинале во нападот, а 42 се повредени, пренесува весникот Гардијан. Рускиот напад со ракета „Калибр“ се случи вчерашниот ден, а беше истрелана од Црното Море. Украинските власти го оквалификуваа настанот...

Тенденциозни напади дека Зеленски ја забранил опозицијата, ја угнетува црквата, одбива да одржи избори

Постот го обвинува украинскиот претседател Володимир Зеленски за репресија врз медиумите, јазикот, црквата и дека не сака да одржи избори, но вистината е дека украинскиот Устав не дозволува за време на воена состојба да се одржуваат избори. Кога се тврди дека Зеленски „ја забранил опозицијата”, се пропушта да се каже дека таа опозиција е поврзана со Русија и дека...

Најмалку четири цивили загинаа во рускиот ракетен напад врз Лвив

Рускиот ракетен напад врз станбена зграда во Лвив уби најмалку четворица цивили, а уште 32 лица се повредени, пренесува Би-би-си. Градоначалникот на Лвив, Андриј Садовиј информира дека сериозни оштетувања претрпеле најмалку 60 домови, а неколку покриви на згради биле уништени. Училиште и студентски дом биле исто така оштетени во рускиот напад врз градот лоциран во западниот дел на Украина. Украинските...

Украина: Русите поставија експлозивни направи на покривот на нуклеарната централа Запорижја

Украинските вооружени сили предупредија дека руските напаѓачи би можеле да подготват провокација во нуклеарната централа Запорижја. Според Укринформ, ова го објави на Фејсбук прес-службата на вооружените сили на Украина. „Вооружените сили на Украина официјално известуваат дека во блиска иднина би можела да се подготви провокација на територијата на нуклеарната централа Запорижја“, се вели во извештајот. Според оперативните податоци, во вторникот, на...

Бунтот на Пригожин и уривањето на Каховка, главни теми за дезинформации во јуни

Три настани беа извориште на информациите и дезинформациите од странски извори во земјава – уривањето на браната Каховка во Украина, бунтот на Пригожин и неговата платеничка група Вагнер и вистинската економска моќ на Русија и влијанието на западните санкции. Тука се проанализирани овие три настани, но и доминантни домашни теми кои предизвикаа дезинформациски наративи во медиумскиот простор на македонски...

Русија спречила напад на Москва со пет украински дронови

Украина извршила напад со дронови (беспилотни летала) на Москва, поради што морале да бидат пренасочувани летови од и до меѓународниот аеродром „Внуково“, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Биле користени пет дронови во нападот во текот на денешниот ден, а нивна цел биле локации во поширокиот регион околу главниот град. Руското Министерство за одбрана вели дека сите...

Во Хаг почнува со работа Меѓународниот центар за истрага на војната во Украина

Денеска во Хаг се отвора Меѓународна канцеларија за истрага на руската инвазија врз Украина, како прв чекор кон можен суд за раководството во Москва, јавува „Гардијан“. Во Меѓународниот центар за гонење на криминалот за агресијата учествуваат обвинители од Украина, ЕУ, САД и Меѓународниот кривичен суд, објави агенцијата Франс-прес. Центарот ќе истражува и ќе собира докази, а неговите активности се сметаат за...

Повеќе заедничка одбрана за повеќе стратешка автономија на ЕУ

Европскиот совет (29-30 јуни 2023 година) очекувано започна со поддршката на Украина, изразена како во повторената воена и политичка поддршка, така и во сѐ појасните сигнали за натамошниот пат кон членство во ЕУ. Оттаму, веројатно не е изненадување што втората усогласена точка на овој Европски самит беше одбраната и безбедноста. Концептот на стратешка автономија на ЕУ, силно промовиран со минатогодишната Версајска...

Американскиот генерал Мили: Украинската контраофанзива ќе биде „долга и крвава“

Контраофанзивата на Украина ќе биде многу тешка, а постигнувањето резултати ќе потрае долго и ќе биде „многу, многу крваво“, предупреди највисокиот американски воен офицер – армискиот генерал Марк Мили, пренесува „Гардијан“. Генералот Мили за Националниот прес-клуб во Вашингтон изјави дека контраофанзивата напредува стабилно и дека „намерно се пробива низ многу тешки мински полиња“. „Тоа што го кажав е дека ова ќе...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...