fbpx

500 дена од руската воена инвазија: Зеленски го посети островот што го нарече „место на победата“

Зеленски го опишува Змискиот остров како доказ дека Украина ќе ја врати секоја педа од нејзината територија преземена од Русија од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година

-

Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави видео на Телеграм од неговата посета на островот кој стана симбол на украинскиот отпор – додека војната влегува во својот 500-ти ден, објави Би-би-си.

Овој остров првично го зазеде Русија, но подоцна Украина го врати назад.

Во видеото на Телеграм, украинскиот претседател го нарече „место на победа“ кое никогаш нема да биде повторно освоено.

Зеленски го опишува Змискиот остров како доказ дека Украина ќе ја врати секоја педа од нејзината територија преземена од Русија од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година.

„Сакам да се заблагодарам оттука, од ова место на победа, на секој наш војник за овие 500 дена“, рече Зеленски во видеото, на кое е прикажан како пристигнува на островот со брод и остава цвеќе на споменикот.

Во меѓувреме, руските сили со извршија напад со дронови врз украинскиот град Кривиј Рих во текот на ноќта. Рането е најмалку едно лице и оштетени се неколку згради и возила, соопштија локалните власти рано утрово.

Еден 26-годишен маж е хоспитализиран „со лесни повреди“, напиша на Телеграм Олександр Вилкул, шеф на градскиот совет за одбрана.

„Уништувањето е значително“, рече Вилкул, додавајќи дека нападите предизвикале пожар кој бил изгаснат од спасувачите.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден веќе половина година ја разгледуваше опцијата, а вчера и официјално објави дека ќе испрати касетна муниција како дел од новиот пакет воена помош за Украина вреден 800 милиони долари.

Американскиот претседател Џо Бајден ја бранеше својата, како што пренесува Би-би-си, „многу тешка одлука“ да и даде на Украина касетни бомби, кои имаат историја на убивање цивили.

Претседателот изјави дека му требало „некое време да се убеди да го направи тоа“, но се одлучил на ваков чекор затоа што „на Украинците им снемува муниција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...