Вработените во Комунална преку предупредувачки протест ги бараат своите права, Мазнева им повикала полиција

Група вработени во Комунална Хигиена - Скопје, се обратија до редакцијата на Порталб.мк за да пренесат дека директорката Косана Мазнева не ги зема предвид нивните барања за преговори за покачување на платите, исплата на К-15 и бенефициран стаж и поради ова тие најавуваат протести. Според нив, наместо да ги покани на состанок, директорката повикала полиција

Фото: Порталб.мк

Група вработени во Комунална Хигиена – Скопје, се обратија до редакцијата на Порталб.мк за да пренесат дека директорката Косана Мазнева не ги зема предвид нивните барања за преговори за покачување на платите, исплата на К-15 и бенефициран стаж и поради ова тие најавуваат протести. Според нив, наместо да ги покани на состанок, директорката повикала полиција. Комунална хигиена не одговори на прашањата на прашањата на Порталб.

Инаку, минатата недела вработените во Комунална хигиена организираа протест пред канцеларијата на ЈП Комунална хигиена – Скопје бидејќи, како што велат, директорката Косана Мазнева, не ја прифатила поканата за состанок на кој ќе се разговара за барањата на работниците.

„3-4 пати преку нејзиниот возач сме ја повикале директорката на состанок, но таа одби. Воопшто не сака да разговара со нас, нè игнорира“, велат група вработени во разговор со новинарот на Порталб.мк кои сакаат да останат анонимни поради, како што велат, притисоците со кои се соочуваат на работа.

На 29 јуни (четврток) околу 22 часот, кога требаше да почне со работа ноќната смена, вработените протестирале и побарале да дојде директорката Мазнева.

Според вработените, околу 23:30 часот директорката дошла во институцијата.

„Дојде и ни се закани. Ни кажа дека ќе не избрка од работа“, велат вработените.

Тие додаваат дека по нејзиното заминување дошла полицијата.

„Дојде полицијата, па дури и ЕБР [Единицата за брзи интервенции], како ние да сме криминалци и тогаш ситуацијата се смири, но вработените не излегоа да работат на терен и останаа тука до утрото. Потоа, на 5 јули, тројца вработени биле повикани на информативен разговор и биле прашани зошто протестираат“, велат вработените и додаваат дека останале на работа до утрото на 30 јуни, кога дошол првиот човек на Синдикатот на СУТКОЗ, Столе Кашиковски, но, според сведочењата на вработените, директорката Мазнева не прифатила средба ниту со него.

Порталб.мк контактираше со Министерството за внатрешни работи од каде го потврдија случајот и изјавија дека барањето за полициска асистенција дошло од вработен во Комуналната хигиена, поради то што што еден дел од вработените не им дозволувале на останатите да работат.

„Ве известуваме дека по извршените проверки во евиденцијата на СВР Гази Баба, констатирано е дека на 30.06.2023 година добиена е пријава од вработен во ЈП Комунална Хигиена Скопје, дека пред канцеларијата на ЈП Комунална хигиена собрана е група вработени кои не им дозволуваат на другите вработени да излезат на терен со возилата. Полициските службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото на настанот, при што наишле на вработените кои мирно протестирале пред зградата“, велат од МВР за Порталб.мк.

Оттаму додаваат дека досега не се повикани лица на информативен разговор во Полициската станица Гази Баба.

Првиот човек на Синдикатот на СУТКОЗ, чиј дел е и синдикатот на Комунална хигиена, Столе Кашиковски, потврди дека имало протест и дека вчера ги посетил вработените, но и покрај барањето, директорката Мазнева не го примила на состанок.

„Извршниот одбор на Синдикатот на Комунална Хигиена вчера имаше состанок и одлучено е во понеделник да ги достават официјално барањата, на писмено. Утрото кога вработените протестираа отидов да ги посетам, но и покрај барањето до денес директорката не ми закажала состанок“, изјави Кашиковски за Порталб.мк.

Тој додаде дека СУТКОЗ ќе биде во координација со Синдикатот на Комунална хигиена во врска со барањата на вработените и поплаките за притисоци во работното место.

Порталб.мк ја контактираше директорката Мазнева, но таа рече дека е зафатена со некои средби и порача да се испратат прашања. Но, одговор од скопската Комунална хигиена не е добиен, а Мазнева не крева слушалка.

Во меѓувреме, во редакцијата на Порталб.мк, вчера прими дополнително соопштение на кое пишува дека Комуналната хигиена отпуштила од работа, односно не им ги продолжила договорите на повеќе од 100 работници.

Порталб.мк постави прашања и за ова, но одговор нема.

Во тек на август и ноември 2022 година Мазнева отпуштила 112 лица со образложение дека не се редовни на работа. Според проверките на Порталб.мк, најголем број од нив биле Албанци.

Порталб.мк тогаш разговараше со четворица вработени во Комунална хигиена, кои рекоа дека причината за нивното отпуштање е замената со партиски милитанти.

„Ни рече „не ни требате“ и не ни ги продолжи договорите на 112 редовни вработени во Комунална хигиена, на нашите места директорката Косана Мазнева вработила 41 лице. Над 95% од отпуштените сме Албанци, на кои без причина и предупредување ни беше кажано, од утре не доаѓајте на работа, оставајќи не така на раскрсница во ова време на криза“, изјавија поранешните вработени.

Косана Мазнева беше назначена за директорка од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на 12 јули 2022 година  по разрешувањето на тогашниот единствен директор Албанец на јавните претпријатија на Град Скопје, Зуди Кока, поради инцидентот за време на антиевропските протести во Скопје, кога неговиот брат пукаше со огнено оружје во плоштадот „Скендербег“ во Скопје.