fbpx
Таг: ЈП Комунална хигиена

таг: ЈП Комунална хигиена

По ноќешниот протест на кој Мазнева со полиција „ги молеше“ работниците да работат, денеска почнува чистењето кај болниците

Директорката на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, околу 1 часот ноќеска, со полициска асистенција, побара од работниците што штрајкуваат да излезат и да си ја вршат работат. Тие, пак, едногласно одбија да работат пред да им бидат исполнети условите, известува Порталб.мк, чиј новинар ноќеска беше во кругот на јавното претпријатие, близу Топлана „Исток“ и до поранешната фабрика...

Вработените во Комунална преку предупредувачки протест ги бараат своите права, Мазнева им повикала полиција

Група вработени во Комунална Хигиена - Скопје, се обратија до редакцијата на Порталб.мк за да пренесат дека директорката Косана Мазнева не ги зема предвид нивните барања за преговори за покачување на платите, исплата на К-15 и бенефициран стаж и поради ова тие најавуваат протести. Според нив, наместо да ги покани на состанок, директорката повикала полиција. Комунална хигиена не одговори...

ЈП Комунална хигиена расчистиле 1.600 метри кубни отпад од диви депонии во Скопје

Само во текот на месец јуни годинава, вработените во јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје отстраниле 1.600 метри кубни отпад од дивите депонии во главниот град. Како што соопштија оттаму, иако нивната основна дејност била собирање и транспорт на комуналниот отпад од домаќинствата и компаниите, тие дополнително расчистувале диви депонии „коишто настануваат како резултат на непрописно одлагање отпад на јавни и...

Лани собрани 11.000 кубици од скопските ѓубришта, се пишувале по 3-4 записници за расфрлан отпад секој ден

Скопска „Комунална хигиена“ лани собрала 11.000 метри кубни расфрлан отпад по дивите депонии во главниот град, а во 2021 година нивната еко-патрола изготвила вкупно 1.359 информативно-едукативни записници на граѓани и правни субјекти коишто биле затекнати како неправилно одлагаат отпад. Во просек, лани се пишувале по 3-4 записници за расфрлан отпад секој ден, а по врачувањето на записниците, сторителите отстраниле вкупно...

Пожарот кај Кондово ставен под контрола

Големиот пожар кој синоќа избувна во близина на селото Кондово во Општина Сарај е ставен под контрола и нема опасност по куќите во селото за кои постоеше закана да бидат зафатени од огнот, соопштија денеска од Град Скопје. Оттаму информираат дека на терен интервенирале повеќе од 40 пожарникари, со неколку противпожарни возила, како и голем број лица и механизација...

Ноќеска фрлени 180 тони сол на скопските улици и булевари

Екипите на зимската служба на Град Скопје синоќа фрлиле 180 тони сол на градските улици и булевари и интервенирале на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и на високите зони кон Водно, Пржино и кон Железара, информираат од Град Скопје. Од Градот на возачите им препорачуваат да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. „Потсетуваме...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...